ПОЗНАТ ИДЕНТИТЕТОТ НА ЖЕНАТА КОЈА ЗАГИНА ВО ПОЖАР: На само неколку десетина метри од противпожарната станица, жена почина во пожар!

  • January 8, 2018

Една жена почина од задушување во пожар што попладнево избувна во стан во скопската населба Ѓорче Петров.

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека пожарот избувнал околу 16:25 часот на улицата Шидска и оти е интервенирано со пет пожарникари и две возила. Во пожарот нема други жртви и повредени, а не се опожарени ниту други станови.

Полицијата потврди дека Јаготка Анѓелковиќ, родена 1955 година, починала од задушување во пожар во зграда на улицата Шидска во Ѓорче Петров.

Причината за пожарот ќе се утврдува.

Колку за потсетување, противпожарната станица се наоѓа на само неколку десетици метри од местото каде што се случил пожарот!

Претходно «
Следно »