ПОЛИЦИСКИ ФЛЕШЕРИ ЗА ДЕСТАНИ, А КАЗНА ЗА КОНЕВСКИ: Полицијата на Спасовски го казнува Коневски за флешерите, ама газдата на Шкендија слободно си ги шета!

  • October 22, 2017

Дојде животот во Македонија, но не дојде за сите, дојде за оние кои се по мерка на премиерот Зоран Заев. Додека Ивица Коневски доби прекршочна пријава бидејќи имал флешери на автомобилот кој му е доделен од Владата на Република Македонија, а бидејќи претходно бил во МВР, има вградени флешери, газдата на Шкендија, Лазим Дестани, исти такви флешери користи без никакви проблеми.

Со потезите кои ги прави новата Влада станува јасно дека нивната цел е да обезбедат подобар живот, но само и само на членовите на партијата каде лидер е премиерот Зоран Заев и секако на неговите бизнис партнери.

Самиот Ивица Коневски, кажа дека веста дека тој ги вратил флешерите на општинското БМВ е апсурдна, бидејќи тие никогаш не биле отстранети за да може повторно да ги врати.

-Имено, возилото на Општина Аеродром и го додели Владата на РМ со вградени флешери и оттогаш МВР нема побарано тие да се отстранат. Вчерашното стопирање на возилото и изживување пред моето 7 годишно дете и пишување прекршочна пријава за флешерите на возилото е продолжување на притисоците што почнаа уште во предизборната кампања и очигледен показател какви луѓе се на чело на МВР и на државата, кои се занимаваат со маргинални теми наместо да се фатат со решавање на проблемите на граѓаните, за што земаат плата, стои во соопштението до Коневски.

Граѓаните гласно прашуваат дали законот во оваа земја ќе важи за сите или ќе важи само за оние кои се бизнис компањони на премиерот и функционерите од владеачката партија и коалиција.

Претходно «
Следно »

loading…