March 29, 2024, 11:59 am

ПОЛИЦИЈАТА НА РЕЖИМОТ ПУКА ВО ДЕЦА: Малолетници се застрелани од полицијата, неспособноста и неодговорноста на Владата на Заев почнува да ги зема првите жртви!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не поминаа ниту сто дена, а полицијата раководена од Оливер Спасовски и СДС почна да пука кон малолетници. Едно седумнаесетгодишно момче со повреди во градниот кош сеуште се бори за живот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, а врз второто е извршена хируршка интервенција и во моментов се наоѓа на медицинска нега во струмичката болница, изјави денеска на прес конференција Орце Ѓорѓиевски од СДСМ.

-Вака изгледа полициското работење кога СДС е на власт. Kриминалците уживаат. Нема заплени на дрога, нема заплени на оружје. Затоа има малолетници застрелани од полицијата. Поминаа 20 часа од крвавиот инцидент, а Оливер Спасовски молчи и се крие. Молчи и се крие и новиот директор на полиција Лазе Велковски, а го нема ниту новопоставениот началник на струмичката полиција Танчо Пројковски. Се однесуваат како момчињата да немале родители или браќа и сестри кои се загрижени, изјави Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски напомена дека ВМРО ДПМНЕ предупредуваше дека хаосот што го креира СДС во полицијата ќе предизвика катастрофални последици.

-ВМРО ДПМНЕ предупредуваше дека незаконското и насилничко разрешување на професионалците во МВР и поставувањето на некомпетентни партиски кадри ќе резултира со нарушување на мирот и безбедноста на граѓаните. Не поминаа ниту сто дена и јавноста веќе гледа дека тоа се случува. Неспособноста и неодговорноста на Владата на Зоран Заев, почнува да ги зема првите жртви, изјави Ѓорѓиевски.

Тој кажа дека одговорност за ваквото однесување на СДС мора да има. Началникот на СВР Струмица мора да биде сменет. Доколку се толерира ваквото непрофесионално работење, следниот пат нема да бидат загрозени само два животи, туку многу повеќе.

-Хаосот што го гледаме е директна последица на тоа што во МВР се врши брутална партизација и незаконски се унапредуваат лица кои не се водат по професионалните стандарди туку работат по политичка наредба. Хаосот што го гледаме е последица на тоа што полицаецот кој спротивно на сите процедури внесе оружје во Собранието и пукаше кон граѓаните на наредба на Заев сега е унапреден во началник. Унапреден е само затоа што не постапувал по закон, туку по наредбата што му ја дал Зоран Заев, изјави Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски смета дека хаосот што го гледаме е директна последица на тоа што изминатиов период Спасовски и функционерите на СДС, поделија преку 500 решенија со намера да си формираат партиска полиција.

-На ваквото безредие и беззаконие не смее да се молчи. Поради нивното несовесно работење СДС за многу скоро ќе ја понесат политичката одговорност уште на следните локални избори.Сите прекршители на законите мотивирани или принудени од СДС треба да знаат дека по враќањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ , ќе бидат санкционирани а сите одлуки донесени од СДС ќе бидат ревидирани и исправени. Со враќањето на правната држава и демократијата во Република Македонија сите криминалци и прекршители на законот ќе одговараат. Сите од прв до последен! За криминилите и антидржавните дејствија кон државата и нејзините граѓани мора да има соодветни санкции, изјави Ѓорѓиевски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This