ПОЛОВИНА МАКЕДОНИЈА СЕ ТРУЕ: Висока загаденост во Струмица и Куманово, следат Битола и Кавадарци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Куманово и Струмица вечерва се убедливо најзагадените градови во Македонија. Зоран Заев и СДСМ со децении лажеа дека ќе го решат проблемот со загадувањето.

Овие два града вечерва повторно се гушат во смог, мерните станици за квалитетот на воздухот, покажуваат ниво на загаденост 5 пати над нормалата.

Мерната станица во Куманово бележи најголема загаденост, таму ПМ10 честичките се искачија до 271 микрограми на метар кубен што е многу повеќе од дозволената граница, загаденоста во Струмица пак, 252 микрограми на метар кубен.

Додека градовите низ Македонија се гушат во канцерогениот воздух, а мерачите на загаденост прегореа, премиерот Зоран Заев и неговите градоначалници не мрдаат.

Граѓаните се повеќе се загрижени за неодговорноста на локалната власт и на владата во однос на загадувањето.

Веднаш по Струмица и Куманово, најзагадени градови се Битола и Кавадарци. Мерачите во овие два града покажуваат висока концентрација на ПМ10 честички, но далеку пониска од онаа во Куманово и Струмица.

 

Граѓаните се повеќе ги чуствуваат последиците од загадениот воздух, а болниците се преполни од пациетни со распираторни заболувања.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This