ПО СРЕДБАТА СО ЗАЕВ: Турскиот премиер смета дека е погрешно да се менува името на Р.Македонија!

  • February 12, 2018

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денес изјави дека е погрешно Грција да диктира кое би требало да биде официјалнот македонско име и изрази очекување дека двете соседни земји ќе го разрешат тој „пријателски“ спор

Говорејќи на заедничката прес конференција со Зоран Заев, Јилдирим истакна дека: „Погрешно е друга земја да го одредува името на земјата“, пренесува агенцијата АП.

Македонија и Грција веќе 25 години се во спор во врска со името на државата, а според Зоран Заев тој спор мора да се реши до крајот на летото.

Заев претстојува во посета на Турција.

Претходно «
Следно »

loading…