ПРВА РЕАКЦИЈА НА ПУТИН ЗА НАПАДОТ ВО СИРИЈА: Се повторува Југославија! Нападот на Сирија е брутално кршење на правата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека историјата ќе ги постави работите на своето место како што „е веќе утврдено дека Вашингтон е одговорен за масакрот во Југославија“, се наведува во соопштението на Кремљ.

Путин нагласи дека Русија ќе свика итен состанок на Советот на безбедност на ОН поради „агресивните акции“ на САД и нивните сојузници.

– Со овие акции Вашингтон само поттикнува нов бран бегалци од Сирија и од регионот – рече рускиот лидер.

САД и нивните сојузници ги нападнаа воените и цивилните објекти во Сирија грубо кршејќи ја повелбата на ОН и меѓународното право, без санкциина Советот за безбедност, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Ескалација на состојбата во Сирија деструктивно влијае на целокупниот систем на меѓународните односи, изјави Путин.

„Русија најостро ги одудува нападите во Сирија, во земјата каде руските војници и помагаат на власта да се избори против тероризмот“, нагласува Путин.

Тој додаде дека Русија ќе го побара итна седница на Советот за безбедност на ОН како би се разгледало агресивното однесување на САД и нивните сојузници во нападот на Сирија.

Путин рече и дека агресијата на Сирија дополнително ја комплицира ионака тешката хуманитарна состојба во земјата, како и дека се иницира нов бран на мигранти.

Воедно нагласи дека Вашингтон со својата акција го поттикнува терорисзмот и доведува до страдање на граѓаните во Сирија.

„Групата на западните земји на најциничен начин го занемари фактот дека стручњаците на Меѓународните организации за хемиско оружје и извршија воена операција пред официјалните резултати од истрагата“, заклучува Путин.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This