ПРВА РЕАКЦИЈА ОД РУСИЈА: Ова е агресија и провокација – Доналд Трамп ќе биде познат како новиот Адолф Хитлер

  • April 14, 2018

Со наредбата за напад на Сирија, САД ги прекрши сите меѓународни норми, а Русија на тоа гледа како акт на агресија, изјавил Александар Шерин, прв заменик претседавач комитетот за одбрана на Државната Дума, споредувајќи го претседателот на САД со Адолф Хитлер

„Претседателот на САД не е само криминалец пред светот, тој е Адолф Хитлер број два“, изјавил Шерин за Руските медиуми.

Рано утринава Доналд Трамп нареди воен напад на Сирија.

„Тој е криминалец – но тоа не е доволно. Еден ден ќе го нарекуваат Адолф Хитлер на денешницата, тој дури избра и исто време како и Хитлер кога го нападна СССР“, рекол Шерин за репортерите.

„Ова е втор Белград, ова е точка од која нема враќање, Руската Федерација доби акт на агресија, а според меѓународното право ова е нарушување на сите меѓународни норми, ова е објава на војна на независна држава, кон која нуклеарна сила има обврска за обезбедување на помош и сигурност“, рекол Шерин.

„Се што направивме, целиот напор кој го вложивме во ова, тие се обидуваат да го мултиплицираат и да ја турнат Русија на колена“.

Овој чекор е провокација на САД кој може да донесе до непредвидливи последици, рекол неговиот колега Јури Шивуткин.

„Ова е злонамерно, провоцирачки, кусогледа акција на властите во САД, која може да доведе до несогледливи последици“, рекол за репортерите.

Претходно «
Следно »

loading…