ПРЕДИЗБОРНИ ИЗМАМИ ЗА ЗАНАЕТЧИИТЕ: Заев го лаже еснафот во Старата скопска чаршија и се обидува да ги изманипулира!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев бесрамно ги манипулира граѓаните, дури и на државен празник како што е 11 Октомври. Заев е 4 месеци премиер, а не превзеде ништо за подобрување на условите на занаетчиите. Заев 4 месеци не превзема ништо, но затоа сега во период  пред избори се обидува предизборно да ги изманипулира занаетчиите и еснафот во Старата скопска чаршија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека еснафот во Старата скопска чаршија знае дека Заев лаже и се обидува предизбори да ги манипулира за нивните гласови. Заев 4 месеци не се појави во чаршијата, за сега во период пред избори пред камери, да се обидува   да ги манипулура занаетчиите и еснафот.

-Еснафот и занаетчиите знаат кој што направил за нив. Занаетчиите од Старата скопска чаршија директно ги почуствуваа бенефитите од управувањето на ВМРО-ДПМНЕ со државата,  и мерките за привлекување на странски туристи. Еснафот директно го почувствува зголемувањето на бројот на странски туристи, кои во 2006 година изнесуваа 202.357, а во 2015 година 485.530, тоа е реално зголемување во висина  140%. Еснафот и занаетчиите добија огромна помош и со намалувањето на даноците, спроведено од ВМРО-ДПМНЕ, со што заштедија огромни финансиски средства, со што го зголемија својот профитот.  ВМРО-ДПМНЕ ја спроведе мерката субвенционирање на занаечиите, со што се овозможи кофинансирање на дел од докажаните трошоци за: набавка на опрема и алати; уредување и подобрување на деловниот простор; изработка на визуелен идентитет на производот/услугата (веб- страница, дизајн на логотип, рекламен материјал); дизајн на производ; и надоместување на трошоци за здобивање со титула мајстор. ВМРО-ДПМНЕ ги субвенционираше занаетчиите и за отворање на нови работни места, во висина од 92.000 денари за секое новоотворено работно место. Програмата започна да се реализира во 2010 година и до 2015 година преку истата се вработени 569 лица. Оваа мерка имаше најголема одржливост на работните места со над 90% од поддржаните, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека еснафот и занаетчиите знаат кој работи и носи реален бенефит за нив и нивниот бизнис, а кој лаже и манипулира пред избори за добивање на нивните гласови.

-Лагите и празните зборува на Заев  не поминуваат никаде. Граѓаните ќе му го докажат тоа на Заев на 15 октомври, кога ќе му кажат едно големо НЕ на неговата деструктивна политика, стои во реакцијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This