Wednesday, 24/1/2018 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

ПРИМАМЛИВ ПРЕДЛОГ НА ВЛАДИМИР ПУТИН: Државите кои ќе станат дел од Евроазиската унија ќе добиваат до 50% поефтин гас и нафта!

60%
User Rating

Руската влада достави предлог-амандман до Државната Дума, кој се однесува на законот за трговија со нафта и природни суровини и е во согласност со претседателот, стои во соопштението на веб-страницата на Кабинетот на претседателот на Руската Федерација. Главната и најинтересена промена е трансформацијата на “Газофлот” и неговата употреба во меѓународната државна политика, односно крупните намалувања на цените за нафтените деривати и природниот гас.

 

За потсетување “Газофлот” е договор со кој руската држава одобрува попуст или привилегира цена на природниот гас за пријателски земји и земји од Евроазиската унија. На пример, Белорусија и до неодамна Украина го купуваа рускиот гас по цена за 35% пониска од пазарната цена. Во замена за тоа руската Црноморска флота ги користеше бесплатно воените бази во Крим. Според овој договор Москва имаше право да ги користи базите во Крим до 2042 година. Ова решение за продажбата на евтин гас беше креирано исклучиво и единствено само за Белорусија и Украина со што се вдахна нов живот во економиите на овие земји особено на Украина, а Виктор Јанукович во тоа време имаше направено добра пресметката и одби да се приклучи кон ЕУ по што следеа нередите во Киев и протестите на Маидан. Неговата надеж беше да влезе во евроазиски сојуз со руските евтини суровини и Енерго-извори, а притоа дистрибуцијата кон Европа да поминува преку Украина што дополнително ќе ја зајакнеше Украинската економија

loading...

По смената на Јанукович, зпадното влијание ја принуди Украина да фати тврд курс кон Европа. Сега Украина на Русија и плаќа прескапи сметки за гас и нафта, а нејзината економија колабираше.

Путин очигледно сака да ја претвори оваа преференцијална политика во сеопфатна и јасна и да биде како бенефит за секоја земја членка или кандидатски статус за влез во Евроазиската Унија.

Според новиот закон на руската влада, секоја земја од Евроазиски Унија како и земјите кои склучиле договор со Унијата или “кандидати” за членство во неа ќе добиваат 50% поевтин гас и нафта.

Ако законот биде усвоен од руската Дума, што е речиси сигурно со оглед на мнозинството од 70% пратеници од владејачката партија, тоа значи дека Бугарија би можела да заштедува околу 3 милијарди долари годишно од трошоци за руска нафта и гас.

Во моментов, за оваа намена, Бугарија троши околу 6 милијарди долари годишно.

Добивањето на статус на “кандидат” за член во Евроазиската унија се уредува со декларација од точно 1 страница поднесена во седиштето на евроазискита економска унија во Москва. Малкумина знаат дека апликацијата за членство во организацијата всушност не ги обврзува земјите да станат членки, а во случај да се плашиме од руската мечка може да се напушти статусот кандидат за членство во унијата.

Да не заборавиме дека станува збор за сумата од 3.7 милијарди долари годишно, што би си заштедила Бугарија како членови на евроазискита унија Сума која далеку го надминува нето профитот од фондовите на ЕУ, која во моментот е под 1 милијарда евра и тоа ако ЕУ го исплатат во целост. Во моментов тоа не се случува, бидејќи за да заштеди пари, ЕУ постојано на Бугарите им измислува секакви нарушувања и им наметнува казни и глоби, а со тоа износот кој ЕУ го дава за Бугарија постојано се намалува.

Но, дури и ако е прифатена целосната корист од фондовите на ЕУ, тоа е точно 3 пати помала од разликата во цената на скапиот гас и нафтата без попуст која Бугарија сега ја купува. Воопшто да не напоменуваме дека фондовите на ЕУ се едвај до 2020 година, по што плаќањата кон сиромашна Бугарија запираат … а државата ќе биде остевена со минус салдо и на волјата на Бога.

Очигледно е дека власта во Русија го избрала вистинскиот момент за исклучително примамливиот предлог за регрутирање на нови потенцијални земји – членки во Евроазија унија. Бидејќи само за 2 години, многу од источно-европејците ќе си го постават прашањето: “Зошто ни е оваа ЕУ која не нуди економски развој и фондовите и секнуваат. И не само тоа, ЕУ ќе ни остави во наследство милиони арапски мигранти, геј паради, долгови и неисполнети ветувања.
Дали Бугарија ќе биде првата земја што ќе ја напушти ЕУ за пристапување кон евроазиската економска заедница, останува да видиме! Кон овие поволности се стреми и источниот блок на Европа(Австрија, Чешка, Полска и Унгарија), особено Унгарија на чело со Орбан и Чешка со Бердих Земан кои постојано одржуваат силно пријателски односи со Путин.

loading...

6 Comments

  1. Solun Skopje Sandanski vo Mk

    Smetkata e cista kako solza – seto drugo e politika !

  2. MANIMAL666

    Болваристан прв да замине?!?!?
    ХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХА!
    Чекам сега оние со ге(ј) да почнат да пцујат, хе хе хе…
    А нашиве БЕЗАЛТЕРНАТИВНИ?!?
    А?
    ussa гас за ѓаол и пол? }:-)

  3. Solun Skopje Sandanski vo Mk

    Kina I Rusija gi koordiniraat svoite potezi na Svetska Scena.
    Kina donese zakon za zabrana na kupuvanje na Amerikanski Obvrznici – “Hartii od Vrednost” odnosno dolgorocni bondovi.
    Vo isto vreme Putin predlaga zakon za davanje 50 % popust za energensi za zemjite od Evro-Aziskiot Ekonomski Blok.
    Veruvam deka doprva ke ima I drugi sinhronizirani akcii od Peking I Moskva koisto vo temel ke ja udrat anglo-amerikanskata ekonomska dominacija.
    Narakvici veke nema, pardon veke nema, ona sto sleduva se direktni udari na goli tupanici – dodeka protivnikot ne se unisti – TOTALNO I ZASEKOGAS !!!

  4. Zlatko

    E OVA e POTEG Za POCIT oti Se UDIRA vo TEMELOT na Zapadnata POLITICKO-EKONOMSKA “Prazna”-UTOPIJA ( Ke Ti DONESAM Demokratija” Ke Igrash Kako Ke Ti SVIRAM” i Ke Plakash Kako Ke Ti KAZAM”) E Ova e Za DEBELO Razmisluvanje na AngloSaksonskata “”MAFIJA”” koi Ke Mora Da Odgovorat na Ovoj Predizvik : dve Opcii 1) Da Dadat Podobri Uslovi od Ruskite (Skoro Nevozmozno)te. da Se Razgologazat od MMF i Svetska Banka So Krediti so Mali Kamati ili Prostuvanja i sl.. i 2) Da OTPOCNAT III Svetska Vojna Koja ODNAPRED Ja GUBAT no BOGATITE Familii toa IC Ne Gi Interesira te. SAMO Ke Go VRATAT Trkaloto na Coveshtvoto za Mnogu Iljada Godini Nanazad (Zatoa Ja IMAVME Pobunata na 200 Americki Generali Protiv Deep State i Podrzka za Tramp) .?? Pravo e Da Ocekuvame RAZVRSKA vo Ovaa SAH-PARTIJA kade EvroAziskata OPCIJA e Vo OGROMNA PREDNOST a Svetskite SATRAPI (SAD i GB ) Se Vo AGONIJA Na Zdravje ABDALI I I I

  5. Ag`r

    Dobro ke bide ako se dade prioritet na odredeni drzavi koi nedobrovolno stapile vo EU I koi ne dozvolile nato da postavuva raketni sistemi kaj niv. Koga ostrovjanite ke na napustat EU godinava ke bidat prvi koi ke apliciraat za vo evroaziskata unija. Zapadna evropa treba da vleze posle sredna ili ostocna evropa, ke bide greska ako vlezat pred nas zatoa sto nivnite ekonomii se bazirani na nerealna vrednost, a I politicki ke gledaat da nastetat. Bez prioritetna lista britancite I ircite ke bidat megju prvite….

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

January 2018
M T W T F S S
« Dec    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031