ПРИШТИНА И ТИРАНА МУ СЕ НАЛУТИЈА НА ИВАНОВ: Креаторите на „Тиранската платформа“ со жестоки напади и критики до Иванов поради законот за двојазичност!

  • January 23, 2018

Законот со кој се воведува двојазичност на целата територија на Македонија ја вжешти атмосферата во државата, но очигледно влијаеше и на нашите соседи. Во ист ден на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише законот за двојазичност реагираа и Приштина и Тирана, односно косовскиот претседател Хашим Тачи и албанскиот премиер Еди Рама.

Иако станува збор за мешање во внатрешните работи на Македонија, без ракавици или пак дипломатски говор координирано го нападнаа и критикуваа претседател Ѓорге Иванов.

Претседателот Иванов деновиве на 14 страници образложи што смета дека е во спротивност со Уставот и со Рамковниот договор во донесениот закон. Иванов смета дека законот за јазиците е дискриминаторски кон останатите етнички заедници во Македонија. Тој не се согласува со одредбите за двојазичност на поштенските марки, бандеролите и уплатниците, ниту со употребата на симболи од културното наследство на Албанците на книжните и кованите пари и на поштенските марки.

Имено косовскиот претседател Хашим Тачи во интервју за Дојче Веле истакна дека Иванов не може да го запре официјализирањето на албанскиот јазик во Македонија. Тачи вели дека високо го цени гласањето за „официјализирање на албанскиот јазик“ во парламентот, но одлуката на Иванов ја смета за „жална“.

-Што се однесува до одлуката на претседателот Иванов, тоа е за жалење. Таа одлука е производ на надминат менталитет, но и тоа прашање ќе биде затворено еднаш и засекогаш, без оглед на неговото мислење. Дефинитивно, таа одлука помина и не може да се запре, без оглед на ставот на еден политичар, или носител на некоја функција, додаде тој.

Одлуката на Иванов ја коментираше и албанскиот премиер Еди Рама кој изјави дека не е изненаден. Тој би бил изненаден доколку Иванов го потпишел законот, но е задоволен што неговата одлука нема да го спречи неговото повторно гласање.

Во однос на Тиранската платформа тој коментираше дека е горд што е обвинет за бранење на интересите на Албанците. Тој потенцираше дека тие немаат ниедна скриена агенда, се е јавно, нивните позиции биле недвосмислени, дури и кога тие создавале висока температура кај соседи поради решителноста да водат достоинствена надворешна политика, без оглед на тоа што Албанија е мала земја.

На овие жестоки изјави со кои директно и косовскиот претседател и албанскиот премиер се мешаат во внатрешните работи на Македонија не реагираше македонското МНР.

Тиранската платформа чиј креатор е Еди Рама од првиот ден на формирање на владата на СДСМ се спроведува, а достоинството на граѓаните секојдневно се погазува.

Претходно «
Следно »