ПРОДОЛЖУВА ОТКРИВАЊЕТО НА КРИМИНАЛОТ НА ДУИ: Бејта селективно и незаконски вршел легализација на дивоградби

  • February 22, 2018

Портпаролот на Општина Гостивар, Јасин Демири, денес го обвини поранешниот градоначалник Невзат Бејта за прекршоци во сферата на урбанизмот.

 

-Kога Невзат Бејта беше министер за локална власт во 2011 година, на владин состанок тој побара да му се одземат надлежностите во сферата на урбанизмот на Општина Гостивар кога со неа раководеше Руфи Османи. Тогашната влада ВМРО-ДУИ истото и го направи на 29 јануари 2012 година, токму во времето кога во сила беа два паралелни закона, односно Законот за градење и Законот за легализација на бесправно изградени објекти. Во тоа време, инспекторите евидентираа 52 објекти во изградба без соодветна документација, а истите објекти до денес имаат проблеми со решавање на правниот статус. Односно за сите овие објекти беа составени записници и решенија за рушење и се евидентираат како дивоградби што треба да се рушат, што подразбира дека не можат ниту да се легализираат, ниту за нив да се издаде градежна дозвола – објасни Демири.

Тој додаде дека кога станувало збор за негови лични и материјални интереси, Бејта ги занемарувал соодветните служби, па самиот лично потпишувал решенија за легализација на дивоградбите.

Претходно «
Следно »