ПРОТЕСТ И ПРЕД ДОМОТ НА ТАТЈАНА ПРЕТНОВИЌ: Драчевчани се собраа на протест пред домот на пратеничката од СДСМ од Драчево

  • March 16, 2018

Вечерва покрај протестите пред домовите на пратениците од СДСМ во Прилеп, Кети Смилеска и Хари Локвенец протест има и пред домот на пратеничката Татјана Прентовиќ во Скопје во Драчево. Околу 100-тина граѓани вечерва протестираат пред домот на пратеничката, а забележливо е и зголемено полициско присуство покрај полицајците кој го штитат домот на пратеничката.

Протестите пред домовите на пратениците на СДСМ се случуваат како резултат на насилното донесување на анти-уставниот Закон за двојазичност. Протести се најавени пред домовите на сите пратеници на СДСМ, Македонци кои гласаа за Законот за двојазичност.

Претходно «
Следно »