ПУТИН ЗА НАПАДОТ НА СИРИЈА: Се повторува сценариото од Југославија, Ирак и Либија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека моменталната ескалација на состојбата околу Сирија е деструктивна за целокупниот систем на меѓународните односи, историјата се повторува и ги поставува работите на свое место“, како што веќе е утврдено дека Вашингтон е одговорен за масакрот во Југославија, Ирак и Либија.

 

Со овие акции Вашингтон само поттикнува нов бран бегалци од Сирија и од регионот – рече рускиот лидер.

САД и нивните сојузници ги нападнаа воените и цивилните објекти во Сирија грубо кршејќи ја повелбата на ОН и меѓународното право, без одобрение на Советот за безбедност, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Ескалација на состојбата во Сирија деструктивно влијае на целокупниот систем на меѓународните односи, изјави Путин.

„Русија најостро ги одудува нападите во Сирија, во земјата каде руските војници и помагаат на власта да се избори против тероризмот“, нагласува Путин.

Тој додаде дека Русија ќе го побара итна седница на Советот за безбедност на ОН како би се разгледало агресивното однесување на САД и нивните сојузници во нападот на Сирија.

Путин рече и дека агресијата на Сирија дополнително ја комплицира ионака тешката хуманитарна состојба во земјата, како и дека се иницира нов бран на мигранти.

Воедно нагласи дека Вашингтон со својата акција го поттикнува терорисзмот и доведува до страдање на граѓаните во Сирија.

„Групата на западните земји на најциничен начин го занемари фактот дека стручњаците на Меѓународните организации за хемиско оружје и извршија воена операција пред официјалните резултати од истрагата“, заклучува Путин.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This