Sunday, 22/10/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

ПУЧ Е ПОВЛЕЧЕН ЗА ДА НЕ СЕ ОТКРИЕ НАРАЧТЕЛОТ: Кој е премиерот чие име почнува на „Р…“ , а беше покровител на Заев и Верушевски!

70%
User Rating

– Следејќи го развојот на настаните од почетокот на кризата, преку договорот за нејзиното разрешување и формирањето на СЈО, с` поочигледно станува дека една од основните задачи и цели на Kатица Јанева е токму криењето на оваа суштинска информација која практично води до одговорот за причините за двегодишната криза во која беше втурната Македонија, вели во разговорот за „Дневник“ ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска како одговор на прашањето кој е всушност чадорот кој стои зад „Пуч“ и на кого во скајп-комуникацијата се повикуваа Верушевски и Лазаревски напоменувајќи дека тој нема да ги остави заборавени?

jankulovska

Тоа значи дека правна разрeшеница на случaјот ќе нема?

loading...

-СЈО беше формирано за да се дојде до правна разрешница на овој случај и да се надминат последиците предизвикани од него. Но наместо тоа, уште на самиот почеток СЈО влечеше крајно нелогични чекори, почнувајќи од експресното откажување од барањето за притвор за Верушевски и останатите обвинети уште пред воопшто да го проучи предметот, преку серијата одложувања на судењата поради тривијални причини од типот на семејни прослави и подготовка за празници, па с` до целосното повлекување на обвинението што значеше и фактичка аболиција за Заев, Верушевски и за останатите обвинети. Во јавноста со право се коментира дека целокупното дејствување на Јанева поддржано и од некои дипломатски претставници во земјава во изминатава година беше насочено кон создавање алиби за Заев, Верушевски и нивните инспиратори, односно чадорот.

Верушевски и Лазаревски во скајп-комуникацијата најавуваа дека ситуацијата може да излезе од контрола, а мирот може да експлодира. Двајцата се потсмеваа дека тие биле навикнати некој друг да страда, а тие да биле благонадежни. Ќе добие ли јавноста некогаш одговор за крајните намери на обвинетите во „Пуч“ и колку доказите што ги обезбеди тогаш полицијата се релевантни?

– Тоа што досега беше објавено во јавноста говори и повеќе од доволно за намерите на ова злосторничко здружение. Самата помисла да се злоупотребуваат службите, нешто што беше признаено и од веќе осудениот Ѕвонко Kостовски, значи удар врз државата и безбедноста. Ако некој на почетокот имаше дилема која е крајната цел, сликата стана појасна откако ги видовме неколку месечните дивеења на таканаречената платеничка револуција во која беа повредени десетици полицајци, а беше предизвикана материјална штета тешка милиони евра. Македонија беше втурната во двегодишна политичка криза, најголема досега, која остави длабоки траги врз економијата и ги закочи сите реформи. Можеби крајната цел на инспираторите беше уште покрвава, но институциите на државата особено преку несебичниот и професионален ангажман на припадниците на МВР, останаа на висина на задачата и ги спречија во намерите.

Заев во писмото до Верушевски му ветуваше заштита однадвор и помош од некој премиер кој требало да му обезбеди работна виза. Јавноста уште не дозна за кого се работи ?

-Доказите сега се во рацете на Kатица Јанева. Писмото го има Kатица Јанева. За жал, таа одлучи да го прикрива криминалот наместо да го расчисти и гони и да ја остави јавноста покуса за одговори на клучните прашања поврзани со предметот „Пуч“. Kолку што паметам, во писмото се споменуваше „премиерот Р…“, односно премиер чие име е со почетна буква Р. За кого се работи и дали е точна информацијата требаше да утврди истрагата.

Во предметот „Тенк“ не беше наведено ниту дали е предизвикана некаква штета со набавката на блиндираното возило, ниту колкава е штетата ако ја имало, ниту пак дали набавката била неопходна. За што станува збор?

– Со овој случај, како слон во продавница за стакло, СЈО невешто се обиде да го дефокусира вниманието од нивната скандалозна одлука за фактичка аболиција на Заев и останатите обвинети во предметот „Пуч“. Kако министер во времето кога е спроведувана набавката, воопшто не сум учествувала во истата, но знаејќи ја стручноста на тимот во МВР кој постапувал, не се сомневам дека стручните лица постапката ја спровеле како што тоа го налага законот. Во периодот што претходеше на постапката имаше повеќе испитувања на пазарот преку обезбедување информации за вредноста на возилата со посебни безбедносни карактеристики, и цената за некои половни возила од овој тип ако добро се сеќавам беше приближно 600.000 евра. Во институциите кои се задолжени за превоз на ВИП-личности во која било земја во светот потребата од вакви возила е неспорна, а кај нас беше посебно изразена поради фактот што последната набавка на возила од таков тип била пред 20-ина години и нивното одржување и користење од ден на ден беше с` понебезбедно и понерентабилно.

Настаните од последните две години само го засилија впечатокот дека сите граѓани во оваа држава не се еднакви пред Уставот и законот. Последен ваков пример е состанокот на Зоран Заев со извесен Столе од Струмица поради што беше одложено едно рочиште од „Поткуп“. Kако може ова да се случува?

-Делумно вината е и во органите на прогонот кои во неговиот случај беа недоволно иницијативни, внимавајќи да не остават ниту најмал сомнеж дека станува збор за политички мотивирани истраги. Веројатно затоа од страна изгледа дека тој е привилегиран во однос на сите останати граѓани. Неговата политичка функција веројатно беше главната причина која му помогна да биде спасен и од одговорноста за криминалот тежок 8 милиони евра во случајот „Глобал“. Процената на Црвенковски, во тоа време, претпоставувам била дека Заев ќе му биде вечен должник. Нешто слично гледаме и сега со „Пуч“. Овој пат најверојатно чадорот или можеби некој друг по чија инструкција работи СЈО проценил дека Заев треба да биде повторно аболиран, а Kатица Јанева ја изврши задачата.

Законите мора да важат и за „Сорос“

Претседателката на македонскиот разгранок на „Сорос“, Фани Kаранфиловска самата кажа дека 25 години немало никаква контрола врз невладината и отпочнатите инспекции ги протолкува како притисок врз Институтот отворено општество? Зошто досега беа оставени надвор од радарот на институциите? И тука, еднакви ли се сите пред законот?

– Граѓанското општество и функционирањето на невладиниот сектор е од клучно значење за развојот и функционирањето на една демократија. НВО во едно општество и тоа како, може да бидат коректив на институциите и да наметнуваат теми кои се од значење за граѓаните. Сепак, општественото значење кое го имаат не може да биде параван за деструкција и насилно менување на демократски избрана власт. За жал, кај нас токму тоа се случи. Мрежата на НВО финансирани од Сорос безмалку се претвори во монопол, со својата финансиска доминација истиснувајќи ги од сцената невладините организации кои имаат ставови различни од нивните. Ваквото деструктивно дејствување наместо коректив на институциите ги претвори во деструктивен елемент во општеството. Но светот се менува, а нашето општество созрева. Никој не е недопирлив, па ни НВО финансирани од Сорос. Затоа повеќе од потребно е да има еднакви правила и ред и во функционирањето на НВО-секторот, а институциите мора да бидат оставени непречено да постапуваат и да си ја работат сопствената работа.

loading...

16 Comments

  1. Dejan

    Pa ti za so bese minister, so ne rascistvte pred da ve rasturat, ili i vie ste u gomna pa sea sjo trebalo. Ne be Gordana trebase Zaev od kabinetot na Gruevski so lisici da go izvadite koga veke imase dokazi obezbedeni so PI merki

    • Toni

      Pi merki so video objaveno na Youtube? sto znaete be vie tomaci edni za PI merki?
      gruevski celo vreme saka da gi ponizi konkurentite i politickite oponenti.
      celta mu bese da go ponizi, pred cela nacija, i da go narpavi predavnik, a on demek sapsitelot golem. a 17 milijardi evra ukradoa so bate Sashe. abe narode glupav…

  2. Vancho Milev

    Vancho MilevJanuary 30, 2017

    Reply

    Македонија има гласови за влада во Македонија
    албанците во ксово и во Албанија.

    Vancho MilevJanuary 30, 2017

    Reply

    Нема потреба да се води војна македонци со македонци
    тоа било и поминало

    Vancho MilevJanuary 30, 2017

    Reply

    Погледајте на украина

    Vancho MilevJanuary 30, 2017

    Reply

    Слобода или смрт е грешка

    Vancho MilevJanuary 30, 2017

    Reply

    Слобода на македонците смрт на непријателот

  3. Vancho Milev

    Смрт на заев слобода на народот

  4. nace iliev

    Samo Andon KOSETO treba da pocne so negovata verna kama.

  5. Dobre

    Abe ovaa treba da izgnie u zatvor. Abe Ivanov abolicira 50 dushi. A mori GUSKO od bombite ochigledno se gleda deka si souchasnik vo kriminalite na Familijata ama se zanesovte i mislivte deka ste neunishtivi eeeeee sega kje vi tehe niz nogavica

  6. Branko C.

    Dobre…. site bombi bea montirani…. seceni lepeni, malku li odese Zaev nadvor na obrabotka i soveti….. dodeka Zaev ne odgovara za svoite nedela i kriminal, vo Makedonija tesko ke ima mir….. dve godini gi maltretira graganite – ke mora da odgovara !!!!!

  7. Marta Kunovska

    ZAEV i KATICA da odgovaraat za montirovki, predavstva i kriminal….. samo taka ke ima pravda !!!!!

  8. VLADIMIROV

    SAMO BESILKATA ( KAKO KINEZITE )

  9. Бозон

    Matteo Ramazzotti ?

  10. Done

    Vmro nemase muda da apsi epa Sega neka trpi, a ke pati I narodot. IMA li mazi vo ovaa drzava da GI likvidiraat predavnicite?

  11. Marko

    ZZ, KJ i uste nekolkumina se na ivica da bidat usapseni, kako mene mi izgleda rabotava. Si igraat, manipuliraat so narodot i drzavnite interesi. Edna greska fali i vo aut da otidat.
    Koga nivnite clenovi digaat race od niv, sto da zboruvame ponatamu. A padne li ZZ, pagja i KJ i uste mnogu drugi.
    Do sega imase dosta priliki kade zakonot i ustavot bea naruseni i mozese da se intervenira i apsi, nzm sto se ceka.

    I na krajot na kraevite, komu mu treba EU? So kogo i da razgovaras, ne saka vo Eu, a od druga strana bozem se stremime natamu? Ajde referendum pa da se izjasnime.

    • ,Jim

      Да речиме вашиот нов претседател Рама?

      • ,Jim

        Рама не можи да биди, многу е близок со Зајо.
        Што мислиш, Дарко?

  12. Трајче Македонски

    И сега ние, македонците, демек треба да ја свиткаме кичмата за да може Рама и ЕУ да си реализираат нивната криминално-геноцидна АГЕНДА врз МАКЕДОНЦИТЕ со кантонизација, сепарација и вапоризација на МАКЕДОНСКА ДРЖАВА
    NO PASARAN !!!

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

October 2017
M T W T F S S
« Sep    
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031