РАСТЕ ПРИТИСОКОТ ПОМЕЃУ КОСОВО И ЦРНА ГОРА: Масовни протести во Тирана со порака дека „Албанците треба да земаат земја…“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Протест против договорот за демаркација на косовско-црногорската граница е одржан пред косовската амбасада во Тирана. Демонстрантите извикуваа дека „Албанците треба да земаат земја на Балканот, а не да даваат“, „Албанските креатори на политиката да се воздржат од предавство“, „Немаме земја за дарување“.

protesti_tirana

Професори, академици и претставници на граѓанскиот сектор ја повикаа албанската Влада да реагира, а Владата во Приштина да не дозволи да дарува 8.200 хектари земја која му припаѓа на Косово. Членот на Претседателството на Движењето „Самоопределување“, Елвис Хоџа најави дека опозицијата во Приштина нема да дозволи изгласување на Договорот, со кој според него Косово и отстапува на Црна Гора голема површина сопствено земјиште.

Активисти на граѓанскиот сектор апелираа да се обединат за да одржат друг, помасовен протест против демаркацијата на први септември пред Парламентот во Приштина, кога треба да се одржи седница со единствена точка на дневен ред – демаркацијата на границата со Црна Гора.

Демаркацијата ги разбуди страстите во Косово, по што имаше низа инциденти со фрлање на експлозивни направи.
Насилствата и инцидентите на Косово може да создадат потешкотии во Брисел кога е во прашање визната либерализација, изјави деновиве известителот на ЕП за визен режим со Косово, Тања Фајон пред одлуката на косовскиот парламент за демаркација со Црна Гора.
Црногорскиот претседател, Филип Вујановиќ изјави во неделата во Колашин дека Црна Гора не сака ниту еден сантиметар нечија територија, но дека ќе ја чува својата, како и дека не очекува сериозни инциденти на границата со Косово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This