РЕАФИРМИРАНИ ПОЗИЦИИТЕ НА ГРЦИЈА: Решение не може да има без промена на Уставот и сложено име за севкупна употреба

  • February 13, 2018

Продолжуваат преговорите на ниво на министри за надворешни работи, вели заменикот министер за поморство на Грција, Нектариос Санторињос, во однос на средбите во Виена, без притоа да открие дополнителни детали за разговорите меѓу двајцата шефови на дипломатиите и медијаторот Метју Нимиц.

– Нашата позиција е јасна сложено име за севкупна употреба и кога велиме за севкупна употреба мислиме и во внатрешноста на соседната земја. Кога велиме за севкупна употреба, предуслов е промена на Уставот. Не може да го смениш името за севкупна употреба и за внатрешноста на земјата, ако не го смениш Уставот, вели Санторињос во интервју за грчката телевизија Скај и додава дека Атина нема да отстапи од овие позиции.

Претходно «
Следно »