РЕКОНСТРУКЦИЈА ВО ВЛАДАТА НА РУСИЈА: Лавров и Шојгу остануваат, сменет Димитриј Рогозин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин ја одобри предложената листа за новиот состав на руската влада на состанокот со премиерот Дмитри Медведев, објавија медиумите.

Според него, министерот за надворешни работи на Русија ќе остане Сергеј Лавров, додека Сергеј Шојгу ќе продолжи да го води министерството за одрбрана.

Првиот заменик-премиер ќе биде Антон Силуанов, кој исто така ќе го предводи Министерството за финансии, што е новина, бидејќи новиот состав на Владата сега ќе ја има и функцијата на прв вицепремиер.

Сепак, важна промена е дека поранешниот заменик-премиер задолжен за одбранбена индустрија Дмитриј Рогозин веќе не е дел од владата, но на негово место е назначен поранешниот заменик-министер за одбрана Јуриј Борисов.

Други заменици премиери ќе бидат Татјана Алексејевна, Јутиј Труњтев, Олга Голодеџ, Виталиј Мутко, Дмитриј Козак, Алексеј Гордеев Максим Аксимов и Константин Чујченкo, што значи дека новиот состав на владата ќе има вкупно девет заменик-премиер, што е за еден помалку отколку во последниот состав .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This