Saturday, 22/7/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

РУСКА БАЗА ВО СРБИЈА: Се планира отворање на руска база со полигон за обука во Србија!

59%
User Rating

Русија има намера во Војводина да го отвори првиот тренажен центар, пишува дневниот весник „Блиц“.

VUCIC-MEDVEDEV-SRBIJA-RUSIJA-jutub

Како опција за нова руска база во Србија се споменува и напуштениот аеродром Ечка кај Зрењанин, кој би можел да стане нов тренажен центар за рускиот хуманитарен центар во Ниш. Како резервна опција се наведува и можноста војската на Србија да отстапи една касарна во Белград или Панчево.

Останува да се види дали новата Влада на Србија ќе се согласи на ваков ангажман со Москва, кој без сомневање ќе биде трн во око на ЕУ и САД.

Веста за „нова база“ предизвикала големо внимание кај јавноста од Војводина и кај медиумите кои ваквите намери ги карактеризирале како „дестабилизирачки“ а можноста за изградба на уште еден Руски центар како „отворена закана за европската иднина на Србија“.

Идејата на оваа локација за потребите на Српско-Руски хуманитарен центар од Ниш да се изгради тренажен центар, односно полигон за обука на луѓе за делување во вонредни ситуации за што Москва е спремна да издвои знајачни средства за таа намена.

Оваа тема би требало да биде дел од официјалните разговори помеѓу Белград и Москва при посетата на Рускиот премиер Димитриј Медведев кој според информациите на белградскиот весник, пред тоа ќе бара да се верифицира договорот за посебни дипломатски привилегии на Српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш, кој сеуште е на чекање.

Изворите за „Блиц“ од владата на Србија тврдат дека во Белград се постапува со особено внимание по ова прашање, со оглед на тоа што веќе постоечката база во Ниш е трн во окото на Брисел и Вашингтон.

loading...

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...