Saturday, 18/11/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ЗЕМЈАВА: Решението треба да се бара во рамките на системот, и демократските институции!

37%
User Rating

Решението за кризата во Македонија треба да биде најдено од нејзините граѓани во рамките на постојниот правен систем и на демократските институции, порача рускиот амбасадор Олег Шчербак.

13412180_489424114592539_3665354787149552296_o

Македонија треба да биде најдено од нејзините граѓани во рамките на постоечкиот правен систем и на демократските институции. Зацврстување на мирот и на стабилноста во регионот е незамисливо без самостојна, суверена и просперитетна Македонија, порача рускиот амбасадор Олег Шчербак во своето обраќање на синоќешниот прием во Скопје по повод националниот празник – Денот на Русија.

loading...

– Искрено ѝ посакуваме на пријателска Македонија која сега поминува низ тежок период, што е можно поскоро да ги надмине политичките проблеми со кои мораше да се соочи. Убедени сме дека народот на Македонија со неговите славни традиции на борба за својата национална независност нема да дозволи земјата да биде втурната во хаос, да бидат урнати темелите на нејзината државност и на внатрешната стабилност.

Сметаме дека решение на кризата треба да биде најдено од самите граѓани на Македонија во рамките на постоечкиот правен систем и на демократските институции. Би сакал да истакнам дека зацврстување на мирот и на стабилноста во регионот е незамисливо без самостојна, суверена и просперитетна Македонија, рече Шчербак.

13475212_489424071259210_5443761784596546978_o

Во присуство на министри во Владата, претставници на институции, НВО, бизнис заедницата, на верските заедници, дипломатскиот кор, како и на припадници на руската заедница во земјава амбасадорот Шчербак подвлече дека Русија е отворена за партнерство врз принципите на заемно почитување и за рамноправна соработка со сите земји меѓу кои е и Република Македонија.

– Поаѓаме од тоа дека руско-македонските односи се надвор од политичката конјунктура, тие се темелат врз тесните врски на пријателство и духовно сродство кои низ вековите ги поврзуваат нашите народи. По изминатите пет години мојата работа во својство на Амбасадорот на Русија со задоволство истакнувам дека нашата соработка динамично се унапредува и поседува голем потенцијал за натамошен раст,, нагласи Шчербак.

Тој спомна дека Москва јасно ги дефинира своите национални интереси и стратешки приоритети, а тоа е стремежот сите граѓани во Русија да живеат и работат комфорно, глобално да се утврдат принципите на владеење на правото, рамнотежа на интересите и еднаква безбедност за сите држави – големи и мали, со настојување, вели, меѓународната заедница да се обедини во борба против реални, а не измислени предизвици и закани.

На свеченоста тој ѝ врачи признание во име на министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, на Даринка Крстанова за нејзината досегашна повеќегодишна и плодотворна работа на функцијата почесен конзул на Русија во Битола и го претстави новиот почесен конзул, Сергеј Самсоненко, а присуствуваше и неодамна назначениот прв почесен конзул на Руската Федерација во Охрид, професор доктор Велимир Стојковски.

loading...

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

November 2017
M T W T F S S
« Oct    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930