РУСКИ АДМИРАЛ: Американските бродови ќе бидат постојано на нишан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Два американски разурнувачи кои моментално се наоѓаат во Црното море не претставуваат сериозна закана за Русија, која има многу позначајна група во регионот. Освен тоа, постојано ги следиме, изјави бившиот командант на Балтичката флота, адмиралот Владимир Валујев

„Сметам дека тие разурнувачи на туѓо боиште нема да претставуваат посебна закана…Тие два брода ќе бидат на нишан, тоа е сигурно. Ако покажат негативни или провокативни дејства, во зависност од степенот на дрскост и штета ќе добијат како одговор на она што го направиле“, истакнува Валујев.

Според неговите зборови, Црноморските флоти одредуваат таканаречени „приоритенти објекти“. Тоа можат да бидат и двата американските разурнувачи кои се наоѓаат во Црното море. На командниот пункт флотата во реално време се прикажуваат податоци од сеопфатниот известувачки систем.

„Извидиувањето е вселенско, сателитско, локаторско, тактичко, односно се врши над воените бродови, подморници, како и над цивилните бродови кои тука проаѓаат“, додава Валујев.

Експертот додава дека причината за појавувањето на двата американски бродови во Црното море е провокативна и со цел да ги одвраќа руските сили.

„Тие велат дека го зголемуваат своето присуство за да и помогнат на Украина. Затоа што Крим веќе ја зголемува воената група, конкретно подморници, САД наводно одлучиле за неутрализација да ја засилат спротивставената морска група. Но за Украина нема никаква опасност од Црноморската флота“, истакнува Валујев.

Во неделата во Црното море влезе разурнувач на американската морнарица „Карни“ и се придружи на разурнувачот „Рос“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This