РУСКИ ВОЕН АВИОН СЕ СРУШИЛ ВО НЕВАДА, САД: Американската војска тестирала руски воени авиони, еден загинат!

  • September 16, 2017

Информациите за падот на авионот на 5.септември во авиобазата во Невада се тајна, соопштуаат претставници од Военото воздухопловство на САД. Медиумите претходно соопштија дека таму за време на тестирање од страна на американски пилот паднал авион од руско производство

Американските војници соопштуваат дека инфромацијата во врска со случката во авио-базата „Нелис“ во Невада ќе биде тајна и дека нема да биде претставена на новинарите. Претходно изданието „Попјулар механикс“ и „Авијејшн вик“ пренесоа дека на 5.септември за време на вежба во државата Невада паднал авион кој би можел да биде руски повеќенаменски ловец СУ-27 или СУ-30.

„Сите детали за инцидентот кој се случи на 5.септември се тејна“, соопштил за Сптуник претставник на прес-службата на авио=базата, нагласувајќи дека информации нема да се објавуваат.

Извори за „Авијејшн вик“ велат дека за време на падот на авионот загинал потполковникот на американското Воено воздухопловство Ерик Шулц. Соговорниците на изданието претпоставуваат дека тој се бави со тестирање на авиони од странско производство, помеѓу останатото, и авиони од Русија кои се проектирани од Конструкторското биро „Павел Сухој“.

„Попјулар механикс“ наведува дека на подрачјето на катастрофата во САД претходно во воздух бил виден и руски ловец од четврта генерација СУ-27, додека америакнската авијација тестирала и МиГ-29 и СУ-30.

Претходно «
Следно »

loading…