Friday, 28/4/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

САД ГО ФРЛИ НАЈСИЛНОТО НЕНУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ: 10.000 килограми тешка бомба фрлена во Авганистан!

User Rating

САД ја употребија најмоќната ненуклеарна бомба во борбени услови, а цел биле терористите на ИСИС во Авганистан, соопшти денес Пентагон

bomba

„Нападот е изведен денес во областа Ачин во провинцијата Нангархар. Цел беа терористите на ИСИС, нивните тунелски системи кои ги користат за преместување. Употребена е бомбата ГБУ-43“, рекол претставникот на Пентагон.

Тој потврди дека таа бомба е најсилното ненуклеарно оружје кое САД го употребиле.

СПоред неговите зборови, бомбата е фрлена од авионот МС-130. Нејзината маса е 9.5 тони.

Бомбата е дизајнирана во 2002. година, а е во служба од 2003 година. Долга е преку девет метри, тешка преку 10.000 килограми и содржи 8.500 килограми ТНТ експлозив.

Бомбата е фрлена откако припадник на зеленатите беретки на САД бил убиен пред неколку дена во околината.

loading...

3 Comments

  1. СПС

    Ова е претпоследната фаза на болеста наречена нарцисоизам, од која пати империјата. Последната фаза е целосно лудуло и самоуништување во агонија. Историјата посочува два начини на кои империите згаснувале во минатото: со силна експлозија и татнеж, или со тивоко лелекање. Како ќе заврши денешнава светска империја, наше е да погодуваме. Но едно е сигурно, империјата го живее последниот стадиум од своето постоење.

  2. Бозон

    Слично мислење. Освета за една зелена баретка со 10000 кг експлозив е во слична пропорција со нацистичката пракса во Крагуевац, која патем Србите во знак на добра воља ја “заборавија”. (за помладите: За еден загинат окупаторски наци војник сто Срби. Во Крагуевац сто ученика, односно беа стрелани 7000=СЕДУМ ИЉАДИ ГИМНАЗИЈАЛЦИ сосе нивните Професори)
    Виетнамскиот Наци вирус повторно ја зарази империјата. Овој пат смртоносно.

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...