Friday, 23/6/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

САМСОНЕНКО НАЈАВИ МЕСТЕНКА ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО: Ако се остварат моите претпоставки за судиите од Данска, се повлекувам од ракометот!

53%
User Rating

На официјална прес-конференција македонскиот шампион Вардар го најави веруваме историското четвртфинале против Флензбург, а јавноста ја изненади претседателот на клубот Сергеј Самсоненко со изјава која како „бомба“ одекна во ракометните кулоари.

samsonenko

ЕХФ за реваншот во Скопје ги одреди Гјединг и Хансен од Данска, кои ѝ се добро познати на македонската јавност. Самсоненко верува во црни сценарија и фрла сомнеж врз кредибилитетот на делегираните судии:

 

„Имаме лоши информации, судиите за реванш меч се од Данска, истите кои пред три години ни судеа против Барселона. Се плашиме од црни сценарија и не ми е јасно зошто тие судии се делегирани кога Флензбург е преполн со дански играчи и има спонзор од Данска.

Сакам да кажам дека ако се случи такво нешто какво што најавувам, јас ќе се повлечам од Вардар. Клубовите нема да ги оставам, но да инвестирам 7 милиони евра годишно е бесмислено. Ќе работиме со млади школи и домашни играчи. По секој пораз и секоја неправда лежам болен по два-три дена, нема повеќе тоа да си го дозволам.“

 

Првиот натпревар меѓу Вардар и Флензбург се игра во Германија в сабота од 17.00 часот и ќе го судат Крстиќ и Љубиќ, а возвратниот дуел е пет дена подоцна во Скопје.

 

GOL.mk

loading...

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: infomax@infomax.mk

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

June 2017
M T W T F S S
« May    
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930