САНКЦИИТЕ ЈА ЗАЈАКНАА РУСКАТА ЕКОНОМИЈА: Земјоделието на Русија и носи повеќе приходи од трговијата со оружје вели Путин

  • March 13, 2018

Растот во производството на земјоделски производи во изминатиот период ја направи продажбата на земјоделски производи многу по профитабилна од продажбата на оружје истакна претседателот на Руската Федерација.

,,Денеска извозот на руски земјоделски производи ја надмина продажбата на оружје за повеќе од една третина. 28.8 милијарди приходи од земјоделието, додека 15.6 милијарди од одбранбената индустрија’’ изјави Путин пред земјоделците во Краснодар.

Тој вели дека Рускиот извоз на земјоделски производи и храна е пораснат за 16 пати од 2000 година. Во 2016, Русија стана светски лидер во извоз на пченица. Од раните 2000-ти процентот во светското производство на пченица на Русија е зголемено за 4 пати од 4 на 16 проценти.

Набрзо државата ќе извезува повеќе од тоа што увезува вели претседателот Путин.

,,Јас сум сигурен дека Русија ќе стане еден од лидерите на светската агро-индустрија во следните неколку години. Јас пред Собранието истакнав дека за четри години имаме план да продаваме повеќе храна во светот од таа што ја увезуваме, Русија ќе стане нето извезувач на храна’’ вели Путин.

За остварување на оваа цел, Русија планира да развие инфраструктура, да изгради нова жележничка мрежа, ќе ги зголеми капацитетите на пристаништата и капацитетите на складиштата.

Претседателот на Руската Федерација вели дека Русија треба да се стреми кон извоз на еколошки и квалитетни производи. ГМО храната е забранета во Русија од 2016 година. Путин претходно изјави дека сака да ја направи Русија најголем продавач на храна без ГМО.

Претходно «
Следно »