March 28, 2024, 12:42 pm

СДСМ ВО ПАНИКА САКА ДА ГО ЦЕНЗУРИРА ИНФОМАКС: Соросоидите тргнаа во офанзива против Инфомакс!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секогаш кога СДСМ ќе остане без аргументи и кога јавно ќе бидат разобличени нивните валкани игри, се активираат соросоидите и нивните невладини организации спонзорирани со пари на УСАИД и „филантропот“ Сорос за да ги вадат од калта во која се западнати

servis-kurtoni2

Во последниот налет на паника е притисокот да се цензурира Инфомакс.мк користејќи го т.н. Сервис за проверка на факти, кој има за цел да врши наводна ревизија на текстовите кои се објавуваат во медиумите.

Досега не е познато од каде извира нивниот авторитет и право токму тие на јавна сцена да судат за нечии текстови и начин на известување, имајќи во предвид дека ниту се легитимирани од властите, ниту пак нивното функционирање е санкционирано од граѓаните.

Дотолку повеќе што во овој т.н. сервис работат апсолутни анонимуси кои функционираат по системот „плати па клати“, односно што ќе им се нарача тоа ќе напишат без притоа да го вклучат мозокот.

Оваа анонимна збирштина на соросоиди како што стои на нивниот веб портал е спонзорирана од УСАИД, а под покровителство на фондацијата „Метаморфозис“. Истите се активираат само по барање на СДСМ, и ништо повеќе ниту помалку.

usaid_seriv_fakti

Во очајната нарачка од текст, извесна Силвана Жежова се осудила да коментира на текст кој го обработува прекршувањето на позитивните закони на Р.Македонија, како во конкретниот случај прекршувањето на Законот за полиција. servis-kurtoni

За да и појасниме на Жежова и да и го олесниме животот и понатамошното функционирање во правниот систем во Р.Македонија, ќе и појасниме дека согласно Законот за полиција се забранува секакво промовирање и учество во предизборни активности на политичките партии на припадниците на МВР. Ако нешто сакала да рецензира, тоа и е темата. Дали се тие полицајци и дали се на состанок со лидер на политичка партија?

Бидејќи капацитетот на Жежова за истражување е прилично мал, ќе и дообјасниме дека во текст објавен на порталот „Либертас“ беше изрично наведено дека лицата наведени на фотографијата седнале на кафе по завршувањето на конвенцијата на политичката партија, со што директно е имплицирано дека наведените лица заедно со лидерот на политичката партија биле присутни на партиската активност, што пак е законски забрането.

Истото важи и за сите оние лица кои се наведени во претходните текстови, а се наоѓаат на листата на службеници во МВР кои ќе добијат отказно решение на 12-ти декември.

Обидот за цензура на Инфомакс.мк е трагикомичен и очаен. Ние ниту се плашиме ниту ќе потклекнеме во нашата мисија за презентирање на целосната вистина пред граѓаните. Дополнително, најавуваме детална истрага со цел добивање инфомации поврзани со лицата кои земаат пари од странски фондови за да спроведуваат цензура врз медиуми по нарачка на СДСМ, и истите јавно ќе ги објавиме, но и ќе бараме законска основа за поднесување на соодветни пријави поради вршење на притисок врз медиуми!

Со почит,
Редакциски колегиум

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This