Sunday, 27/5/2018 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

СДСМ, ДУИ и ДПА ПОД РЕВИЗОРСКА ЛУПА: Земале и ставале во каса кој како стаса. Вистинитоста на партиските сметки под прашалник

100%
User Rating

Државниот завод за ревизија ги анализираше финансиските извештаи на СДСМ, ДУИ и ДПА за 2016 година и кај сите најде одредени нерегуларности. Додека забелешките во однос на тогаш опозицискиот СДСМ се однесуваат главно на нерешениот сопственички статус за дел од партиските објекти и начинот на собирање членарина, кај ДУИ се нотирани неколку прекршувања на Законот за сметководство на непрофтитни организации. Најмногу неправилности, сепак, има во работењето на ДПА, при што ревизорите изразиле неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на прикажувањето на финансиските извештаи.

Нерешен статус на објектите наследени од СКM

loading...

Ревизорите, во извештајот на СДСМ во изборната 2016 година искажуваат резерва во однос на вистинитоста и објективноста на прикажувањето на финансиите, како и за усогласеноста на активностите, финансиските трансакции и информации со релевантната законска регулатива, упатствата и воспоставените политики. Резервата е главно поради тоа што не е решен сопственичкиот статус за дел од објектите што социјалдемократите ги наследиле од поранешниот Сојуз на комунистите на Македонија, како субјект претходник на партијата. Поради тоа тие објекти не се воведени кај надлежната агенција и во сметководствената евиденција на партијата. Исто така, утврдено е дека во СДСМ средствата за членарина се уплатувани директно на трансакциска сметка на партијата , во вкупен износ за сите поединечни уплати. Овој начин, според ревизорите, не обезбедува целосен увид во поединечно уплатените средства согласно законски утврдениот лимит, според кој износот на чланарина за период од една година на секој член поединечно не смее да биде повисиок од една просечна нето плата.

Ревизорите забележуваат и дека СДСМ е тужен во 27 постапки пред надлежните судови, по основ на неплатени фактури во износ од околу 7,3 милиони денари. Исходот од постапките, како што е наведено, може да влијае на износот на расходите на партијата.

Социјалдемократите во 2016 година, според ревизорскиот извештај оствариле приходи од околу 1,2 милион евра во денарска противвредност, додека расходите на партијата во оваа изборна година биле пониски за околу 2,5 илјади евра. Затоа, пак, во 2015 година, СДСМ имал речиси двојно помали приходи (околу 689 илјади евра) и расходи во споредба со 2016 година.

Земале и ставале во каса кој како стаса

За разлика од СДСМ, ДУИ во изборната 2016 година остварила помали приходи и расходи отколку во 2015 година кога немаше избори. Наспроти околу 378 илјади евра приходи и близу 334 илјади евра расходи во 2016 година, претходната 2015 интегративците оствариле приходи во висина од приближно 564 илјади евра и расходи од 416 илјади евра.

Ревизорите и кај ДУИ настапуваат со резерва за вистинитоста и објективноста на прикажувањето на финансиските извештаи и за усогласеноста на активностите и трансакциите со законската регулатива. На ДУИ и се забележува дека за дел од фактурите од добавувачите, во износ од 657.000 денари, не е приложена соодветна и целосно поткрепена документација. Ваквата состојба, како што се наведува, не е во согласност со Законот за сметководство за непрофитни организации и Правилникот за сметководство на непрофитни организации. Исто така, посочено е дека интегративците немаат спроведено целосен попис на средствата и изворите на средства за 2016 година, така што ревизијата и тука утврдила состојби кои не се во согласност со посочените закон и правилник.

Со извршената ревизија на искажаниот тековен промет од 638 илјади денари, утврдено е дека ДУИ во својата благајна држи пари во готово чиј износ е повисок од утврдениот благајнички максимум. За подигнатото од каса не се изготвувал благајнички извештај, со образложение дека во текот на 2016 година се извршени само три трансакции на паричните средства. Тоа, според ревизорите, не е во согласност со законите за платен промет и за сметководство, како и со Правилникот за сметководство на непрофитни организации.

Необјавени годишни извештаи

ДЗР ги објави вчера конечните извештаи за сметките за редовните сметки за 2016 година за сега владејачките СДСМ и ДУИ, како и за ДПА, која се евидентирани најмногу неправилности во финансиското работење. За партијата на Мендух Тачи е изразено неповолното мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, додека за усогласеноста на активностите, финансиските трансакции и информации со законите е искажана резерва.

Ревизорите забележуваат дека годишната сметка и годишниот финансиски извештај за 2016 не се објавени на веб-страницат на партијата, како што било случај и во 2015 година. Тоа е спротивно на Законот за финансирање на политички партии, што повлекува можност за губење на правото на годишно финансирање од буџетот.

Со увид во сметководствената документација, е утврдено дека за 2016 година не се презентирани фактури за потрошена електрична енергија и за вода. Таа година, исто така, биле извршени исплати за опрема набавена во 2014 година во вредност од 180 илјади денари, а која претходно не била регистрирана во сметководствената евиденција. Исто така, кај ДПА е забележано дека не е обезбеден доказ за начинот на користење и изнајмување на деловниот простор, дел од прикажаните расходи не се поткрепени со сметководствена документација, а спроведениот попис на средства и извори на финансирање во 2016 година не е во целост законски поткрепен.

ДПА во 2016 година имала повеќе расходи отколку приходи. Така, партијата имала приходи од околу 123 илјади евра во денарска противвредност, а расходи од нешто повеќе од 177 илјади евра. Наспроти тоа, ДПА во 2015 година потрошила околу 64 илјади евра, а остварила приближно 102 илјади евра приход.

 

 

Извор: Независен

loading...

5 Comments

  1. aleksandar ivanovski makedonski

    ABRE MAKEDONCHINJA,DURI SEGA RAZBRAVTE DEKA MAKEDONIJA E VO PRIVATNA SOPSTVENOST NA ARAMBASHITE,NEMOJTE DA GI LJUTITE,OTI I PENZI KE VI SKINAT,TA I PLATITE KE VI GI NAMALAT OD 500 EVRA NA 200!!!

  2. Trpe

    Koi se tie revizori koi se drznale da davaat izvestai za rabotata na partite na vlast i toa sega koga EU konstaira deka Makedonija otisla mnugu “ponapred” vo sekoj pogled pokraj zgolemuvanjeto na platite od 500 evra zgolemeni se i penziite isto taka 500 evraa korupcijata e zgolemena uste povejkje pa sega sme prvi vo EU sto sekao e za pozdrav i toa EU toa go fali kako golem demoktsatski dostrel ostanuva uste imeto i ovaa vlada ke bide proglasena za najdobra na site vremijna ako opstoi drzavata dotogas !

  3. Д,глев

    АЛО ЧИТАТЕЛИ, ОВАА КОАЛИЦИЈА ЗАПОЧНА УШТЕ ПРЕД ИЗБОРИТЕ ВО 2002 КОГА НА ЉУБЧО МУ КАЖАА ДА ЛИ ЌЕ КОАЛИЦИРА СО ДУИ-ТЕРОРИСТИ, ТОЈ ОДЛУЧНО ОДБИ. КОГА ИСТОТО ГО ПРАШАА ПАПОТО ОД СДСМ ТОЈ ВЕДНАШ ПРИФАТИ ДЕКА ЌЕ КОАЛИЦИРА СО ИСТИТЕ . НА ИСТИТЕ СЕУШТЕ ИМ СМРДЕА НА БАРУТ РАЦЕТЕ И ЛИЦЕТО ЗА СЕТО ОНА ШТО ГО НАПРАВИЈА ПРОТИВ МАКЕДОНСКИТЕ БРАНИТЕЛИ. ЕТЕ ЕДНА ОД ВИСТИНИТЕ КАКО ПАК СДСМ ДОЈДЕ НА ВЛАСТ ВО ТОА ВРЕМЕ И ПАК НАПРАВИ ПУСТОШ СО ТРАЈНИ ПОСЛЕДИЦИ НА РМ, ОСОБЕНО СО ТЕР.ПОДЕЛБА, ПРОМЕНИ ВО УСТАВОТ И НАШИТЕ ПОКОЛЕНИЈА ДА НЕМОЖАТ ДА БИДАТ ДРЖАВЈАНИ НА РМ. ТОА СЕ ТРАЈНИ ПОСЛЕДИЦИ ПО НАРОДОТ МАКЕДОНСКИ, ГРАЃАНИТЕ НА РМ И САМАТА ДРЖАВА РМ.

  4. DLM

    Или со други зборови речено – ревизорите откриле дека земјата се врти!!!!!
    Браво ревизори, сега барајате да ви доделат некоја нобелова награда.

  5. Petar Avstralija

    Па. ви кажувам предавниците и шиптарите(арнаутите) работаат за Македонија да нема шанса да влезе во Е проституција ако беше добро помите (енглезите) немаше да ја напуштат Е проституција.

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

May 2018
M T W T F S S
« Apr    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

iNFOMAX.mk на ФБ