April 19, 2024, 12:08 pm

СДС ДЕЛИ ПАРИ ВО ЈУРУМЛЕРИ: Полицијата наместо да реагира, ги штити поткупувачите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ продолжува со класичен поткуп на гласачите во пресрет и на вториот изборен круг. Победата заснована токму врз вакви нерегуларности од пред 7 дена, СДСМ сака да ја заокружи и следната недела вршејќи брутален поткуп на највалканите избори кои Македонија ги имала досега.

 

Целата изборна кампања помина во светло на изборен поткуп, уцена и закани врз гласачите, додека во текот на изборниот ден беше спроведен т.н. бугарски воз, со што кутиите беа полнети со гласачки ливчиња однапред заокружени за СДСМ. Заев и СДСМ не запираат со ваквото сценарио, кое се спроведува со помош на партиската полиција под палка на Оливер Спасовски.

Во текот на вчерашниот ден, дел од медиумите објавија дека лице со име Сабедин Р. од врата на врата нудел по 3.000 денари за глас во корист на СДСМ во Јурумлери. Во овој момент, пред штабот на СДСМ во Јурумлери, истото тоа лице продолжува да дели пари, додека полицијата ја нема никаде и замижува пред ваквиот класичен поткуп.

Освен ова, на територија на цела општина Гази Баба се забележани низа на неправилности и поткуп на гласачи, а во многу случаи истите се под заштита на полицијата, односно, МВР иако ги има информациите не превзема никакви мерки.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This