СЕГА И БУГАРИТЕ ЌЕ БАРААТ ОХРИДСКИ РАМКОВЕН: По Албанците, Бугарите биле најголемо малцинство – Србија и Русија биле опасни за Македонија!

  • September 30, 2017

Во Македонија живеат околу 200 илјади бугарски граѓани и тие се најголемото малцинство по Албанците, тврди бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски за бугарските медиуми.

Со договорот за пријателство со Македонија, Бугарија се стекнала со право да се грижи за сите овие луѓе кои што се во опасност поради силното српско и руско влијание во земјата.

„Сеуште има надворешна опасност странски сили во Македонија да предизвикаат провокации и Собранието да не го ратификува договорот“, тврди Џамбаски според кого провокациите можат да дојдат од Русија или Србија.

Според него и Бугарија и Македонија во договорот направиле разумни компромисни за да ги остварат своите стратегиски цели.

„Нашиот интерес е Македонија да влезе во ЕУ и НАТО затоа што тоа ќе ни даде сигурност и на нас. Многу е лесно да се запали етнички конфликт од Виена до Софија“, вели европратеникот за кого нема дилеми дека луѓето што живеат од двете страни на границата се припадници на еден народ, бугарскиот.

 

Претходно «
Следно »

loading…