Wednesday, 24/1/2018 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

СЕЛА ОСТАНА СО ПРАЗНИ РАЦЕ: Венко Филипче најверојатно новиот министер за здравство

User Rating

Венко Филипче најверојатно ќе биде предлогот на премиерот Зоран Заев до Собранието за нов министер за здравство, брифира висок владин функционер за ТВ 24.

Истиот функционер вели дека во игра е и актуелниот директор на болницата „Осми септември“, Кристијан Костовски, но според него, најверојатно Филипче ќе биде изборот.

Истиот функционер порачува дека Села ќе добие уште една понуда за останување на „Илинденска“ – освен вицепремиер за реформи, ќе му биде понудено и заменичкото место во здравство. Но ништо повеќе од тоа, вели истиот функционер.

loading...

„Министер за здравство ќе биде предлог на СДСМ, тоа е решено и затворено прашање. Од Зијадин Села зависи дали ќе остане во влада или пак не“, вели висок владин функционер за ТВ 24.

Од друга страна од Алијансата велат дека доколку стигне предлог за министер кој што не е нивното решение најлогичниот чекор ќе биде тие да ја напуштата валдата.

„Алијансата за Албанците му предложи кандидат за министер за здравство на премиерот, очекуваме предлогот во Собрание да биде нашиот кандидат“, вели функционер од Алијансата за ТВ 24.

Кој ќе седне во останатите испразнети места кои се на ДУИ, нема информација од Мала Речица. Односите во владејчката комисија се заострија откако Зијадин Села го обвини Ахмети дека стои зад обидот за негова ликвидација на 27 април.

loading...

1 Comment

  1. Ag`r

    Зијадин Села го обвини Ахмети дека стои зад обидот за негова ликвидација на 27 април

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

January 2018
M T W T F S S
« Dec    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031