СЕПАРАТИСТИЧКИ ДОКУМЕНТ, ТЕРОРИСТИЧКИ УЛТИМАТУМ ВО ОСНОВА: Ова е целосниот текст на „Тиранската Платформа“

  • April 8, 2017

Сеалбанската сепаратистичка платформа која во Тирана ја потпишаа лидерите на албанските партии во земјава под менторство на албанскиот премиер Еди Рама стана услов за формирање влада, а околу неа се појавија многу шпекулации. Еве како изгледа Сеалбанската платформа.

edi-rama-lideret
Платформа на албанските партии

1. Постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и Уставот
– Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде што Албанците се сметаат за државотворна нација, поддржување секаква правна и уставна иницијатива што ja засилува националната рамноправност за албанското население.
– Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”.
– Сеопфатна дебата за знамето, химната и за државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.
– Усвојување резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 година до 1956 година.
2. Постигнување економска рамноправност и оп­штествена благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој
– Создавање нов механизам, во форма на една државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините.
– Создавање министерство за политички систем и за односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и за поттикнување на економскиот и на социјалниот развој во неразвиените подрачја.
– Остварување правична зас­тапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата.
– Остварување правична застапеност во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или прет­пријатија со јавни акции.
3. Засилување на владее­њето на правото, како предуслов за напредок на евроатлантскиот интегративен процес
– Спроведувањето на реформите во согласност со договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската комисија, како и препораките од пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.
– Поддршка за непристрасно вршење на работата на специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди.
– Целосно расчистување на прашањата и на судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.
4. Создавање дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата
– Преземање афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и на локално ниво.
– Создавање една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и на предавачи.
5. Решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право
– Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија се обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот за името.
– Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција.
6. Добри односи со соседите
– Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија.
– Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.
– Отворање на нови гранични премини.
7. Брза интеграција во НАТО и во Европската унија
– Исполнувањето на наведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската унија
Овој документ воопшто не е наивен туку опасен за постоење на државата а Заев се согласил на него.
Претходно «
Следно »