Wednesday, 20/9/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

СЕ СПРЕМАЛЕ „БОМБИ“ И ЗА ВУЧИЌ: Истите кои прислушкуваа во Македонија, го прислушкувале и Вучиќ и му спремале „бомби“ – тоа е причината за жестоката реакција на Србија!

5%
User Rating

ПРОДОЛЖУВА ПРИСЛУШУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

Познавачи тврдат дека причината за неочекуваната, остра и многу сериозна реакција на официјален Белград е прислушувањето на српски дипломати веројатно во обид да се дојде до материјали со кои во иднина може да се уценува српскиот државен врв на чело со претседателот Александар Вучиќ.

Ова може да се заклучи и од изјавите токму на Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и потпретседателот на Владата на Република Србија Ивица Дачиќ кои денеска во одвоени изјави ја истакнаа крајната сериозност на ситуацијата поради која и ги повлекоа сите дипломати од Скопје на итни вонредни консултации во Белград.

РЕАКЦИЈА НА НИВОТО НА (ДИПЛОМАТСКА) ВОЈНА

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека надлежните органи од Србија воочиле доволно докази за „разузнавачко дејство кон органи и институции во Србија“ како и дека ваквите „нови состојби“ се во последните неколку месеци, што се совпаѓа со доаѓањето на власт на Зоран Заев и СДСМ, поддржани од нивните странски партнери.

„Нашите надлежни органи утврдија и им покажаа на луѓето во Владата на Србија и на мене доволно докази за сознанијата кои ги имаат за многу офанзивно разузнавачко дејствување против одредени органи и институции на Република Србија“, рече Вучиќ. Познавачите велат дека ова е само друг начин како да се соопшти дека некој ги прислушувал државните органи и институции на Србија во и од Македонија.

Реакцијата на Србија со повлекувањето на сите дипломати од Скопје во меѓународните односи се толкува како гест кој обично се прави во ситуација на војна. Дали со ваквиот потег Србија им објави војна на прислушувачите, најавувајќи им дека нема да може по истиот принцип по кој го донесоа Заев на власт да извршат преврат и модерен државен удар и во Србија? Веројатно да. Поинаку и не може да се толкуваат сите изјави кои денес ги даде српскиот државен врв.

ВМРО-ДПМНЕ ВЕЌЕ НЕ Е НА ВЛАСТ, СЛЕДИ ЛИ ПРЕСВРТ ВО АФЕРАТА СО ПРИСЛУШУВАЊЕТО И БОМБИТЕ?

Ова не е прв дипломатски скандал поврзан со прислушување во Македонија. Од поодамна се пишуваше дека Зорн Заев на амбасадори од земјата им пуштал снимки од нивни разговори, притоа или за да ги обвини во ВМРО-ДПМНЕ дека прислушувале, или доколку не се наивни да поверуваат во тоа, да ги уцени дека мора да ја прифатат таа вистина, коментираа тогаш граѓаните.

Но сега за Заев и за неговите поддржувачи постои опасност картите да се премешаат и прераспределат. Ненадејната и молскавична акција на Србија после претходно обеезбедените докази има потенцијал целосно да ја смени играта со прислушување преку која Заев беше инсталиран на чело на Република Македонија, а во која со затвор на функционери на ВМРО-ДПМНЕ им се закануваат центрите кои го фаворизираат Заев, преку наметнување на нивното влијание во судскиот систем. Но, доколку Србија извади докази за прислушување во кое покрај македонските служби биле вмешани и странски земји (меѓу кои Вучиќ доволно јасно нагласи за кого се работи со апострофирањето дека не е во прашање Русија), тогаш веројатно клопчето ќе почне да се одмотува во тотално спротивна насока од посакуваното од страна на поддржувачите на Заев од надвор.

Тогаш на виделина ќе излезе вистината за тоа кој прислушувал во Македонија, која ја знаат сите граѓани на Република Македонија. Во „бомбите“ Заев кажуваше „што ќе слушнеме сега“, вадејќи ги од контекст прилепуваните и сечени при монтажа разговори, за да звучат приближно на она што тој ќе го каже т.е. најави на прес-конференциите. Притоа, не чувме ниту еден разговор меѓу членови, поддржувачи, функционери на СДСМ и ДУИ. За првите е повеќе од јасно – Заев можеби е луд, но не е ненормален да објави разговор во кој ќе се чуе дека можеби имал малолетна девојка или дека побарал по едно евро од квадрат поткуп, како што бара на познатата снимка.

ДУИ ги немаше на снимките затоа што организаторот на сето ова сакал со тоа ем ДУИ да ги држи „за ја*ца“, ем да не го наруши коалицискиот капацитет на СДСМ, знаејќи дека сепак ДУИ е голема партија која ќе е неопходна еден ден да се симне ВМРО-ДПМНЕ од власт. Така што одамна е позната сета апсурдност на лагите на Заев дека ВМРО-ДПМНЕ само себе се прислушувало. А ако ВМРО-ДПМНЕ навистина слушало ќе имаше бомби за Заев кои веројатно некој некако ќе најдеше начин да ги изнесе во јавност, во време на „бомбардирањето“ врз ВМРО-ДПМНЕ, како контра-одговор. Тоа не се случи. Србија можеби го има клучот да ја изнесе целата вистина на маса.

ОФИЦИЈАЛНА СРБИЈА: ВЕ ФАТИВМЕ, ИМАМЕ ДОКАЗИ

Сиот овој брзопотезен блиц-криг на Србија како да сака да ја прати пораката дека оние кои ги прислушувале нивните официјални лица се фатени на дело, за што Србите имаат и докази. Тоа го кажува и Ивица Дачиќ:

„Недвосмислено утврдено со јасни докази дека постои засилено офанзивно разузнавачко делување против Србија и Амбасадата на Србија во Македонија во што е вмешан и странски фактор“, изјави вицепремиерот Дачиќ.

Тој притоа додаде и дека Србија ќе ги преземе сите мерки да се подготви за работа во такво опкружување и дека ќе ги заштити своите интереси истовремено преиспитувајќи ја својата способност и капацитети за обавување на таква работа во такви услови.

„Веќе следната недела по состанокот кој овде ќе го имаме со претседателот Вучиќ дел од нашиот персонал ќе биде вратен, а амбасадорот ќе биде вратен подоцна кога ќе завршиме со сите консултации во Белград“, најави Дачиќ.

СРПСКИТЕ МЕДИУМИ, КУРИРИ НА ВИСТИНАТА

И додека Вучиќ, Дачиќ и Брнабиќ мора поради својата должност да бидат одмерени и дипломати пред камери, медиумите во Србија недвосмислено и во еден глас ја кажуваат пораката на српскиот државен врв: „Заев, ни заби нож во грб“.

Дека акцијата на Србија е одлично изведена докажува и реакцијата на македонската влада која неподготвена за откривање на прислушувањето на српските дипломати и институции, очигледно немала ни план за одбрана во случај да излезе на виделина сиот овој огромен скандал кој има потенцијал да ги урне како кула од карти сите митови на Заев.

ВЛАДАТА НА СДСМ ФАТЕНА СО СИМНАТИ ГАЌИ

Па така, во ситуација кога една соседна држава прави дипломатски гест на рангот на објавување војна и ја обвинува македонската влада за соучество во прислушување на соседна Земја, одговорот на прес-службата на владата е:

„Република Македонија развива пријателски односи со сите соседни земји. Во врска со конкретниот случај, не носејќи избрзани заклучоци, ги поздравуваме најавите од официјален Белград за заштита на пријателските односи и за враќање на состојбите во вообичаени рамки.“

Нема ниту збор за огромниот скандал кој го обзнанија челниците на српската власт, за што недвосмислено потврдија дека имаат докази. Нашата влада не се обиде ни куртоазно да негира дека било која владина институција учествувала во ваков голем скандал, ниту пак дека ќе ги истражи овие најсериозни обвинувања од претседателот, премиерот и заменикот-премиер на Србија. Туку само штуро, во стил на итроштините на Заев, одговори дека „Македонија развива пријателство со сите земји“.

ЗАЕВ: ПОМАГАЈТЕ ДРУГОВИ, СО СЕТА АРТИЛЕРИЈА

Во ваква непосакувана и неочекувана ситуација, алармот во владата бил толку дигнат што сите служби за односи со јавност работеле во полна пареа да најдат разноразни дипломати кои ќе го осудат потегот на Србија, како и да се направи што е можно поголем дефокус од вистинските причини за повлекувањето на дипломатите кои очигледно Заев добро ги знаел, како гуру во прислушувачки акции за промена на влади.

Утрината, неколку часа ПРЕД Вучиќ, Дачиќ и Брнабиќ да кажат дека „луѓе, работата е сериозна, не прислушувале“, медиумските експоненти на СДСМ и на Сорос започнаа со спинување со цел да го преземат наративот и притоа ако може да добијат и некој политички поен.

ОД БРЗАЊЕ, ЗАБОРАВИЈА НА КОСОВО

Стратегијата на Заев и СДСМ утрината била да се пласира преку медиум под контрола на СДСМ дека причините за повлекување на дипломатите е тоа што Македонија ќе го предложи Косово за член на УНЕСКО. Со тоа, проценил Заев, СДСМ ќе добие уште поголеми симпатии меѓу албанскиот електорат, а темата ќе се разводни и нема да има толку силен импакт кога ќе се дознаат вистинските причини.

Проблемот е што Заев и СДСМ заборавија дека пред само неколку дена Косово најави дека годинава нема да биде кандидат за член на УНЕСКО поради недовршени процедури и незатворени прашања. Но, во состојба на паника и кога ти „гори“ најголемиот пожар од почетокот на владеењето на СДСМ кој тешко дека може да се угаси со акциите на генсекот Драги Рашковски, тогаш е нормално и да се надеваш очајнички дека граѓаните ќе ја купат лагата, Албанците особено, и ти ќе имаш поголеми шанси да излезеш жив од една ваква ситуација.

Уште покреативен беше потпретседателот на СДСМ, поранешниот новинар Мухамед Зекири кој веројатно се сети на повлекувањето на Косово од УНЕСКО за годинава, па се обиде да игра на „руска карта“, исто како и уредникот на ТВ Телма Атанас Кировски, уште еден голем поддржувач на СДСМ и искусен новинар кој можеби и бил информиран за скандалот со прислушување на Србите во Македонија – или самиот ги поврзал коцките.

Меѓутоа, сите овие обиди ќе беа можеби успешни ако Вучиќ и Република Србија не кажаа гласно и јасно дека имаат недвосмислени докази за прислушувањето. Со тоа, пропаднаа во вода овие јалови обиди на СДСМ уште еднаш како безброј пати досега, со релативизација на тема „да спаси жива глава“. Вучиќ и Дачиќ најавија дека за 7 до 10 дена работите ќе се нормализираат – дали тоа значи дека ќе изложат докази јавно за прислушувањето од странци со помош на владата на Заев или оваа медиумска епизода беше предупредување и пазар да се прекине со ова, ќе дознаеме за неколку дена.

Она што на секој во Србија му е јасно е дека Александар Вучиќ има докази дека и нему истите играчи, дури и преку истиот пион Заев, му спремале „бомби“ и монтирани разговори со кои ќе го паѓаат од власт за неколку години. Исто така на секој во Србија му е јасно дека Вучиќ нема да им прости на таквите.

Очекувајќи ја разврската, голема е можноста оваа афера да ги промени сите правила на игра кои се наметнаа во Македониија во последните 3 години од страна на оние кои по секоја цена решија дека ќе не пикнат во НАТО, за што им требаше сервис-услуга од калибарот на Зоран Заев.

Како што велат старите, се си има свој крај. А Битолчани дополнуваат – само стапот има два.

 

Анализа на Журнал.нет

loading...

16 Comments

  1. Geshev-BG

    Има бугарска поговорка: “врзи попа да е мирно селото” или врзи србското посолство да е мирно во Македониja….каде одат само воjни прават…..дееба и “плескавиците”!!!…

    • Novak

      Sakas da kazes deka Srbija e ‘kriva’ i vo ovaa cela rabota? Kriva e sto ne ne zgazat, pa pamet da ni dojde malku. Edna raka narod sme, a se kurcime kako da sme ne znam kakva sila. Srbija odsekogas bila i ke ostane drzava za nas, obicnite kurtoni.

      A interesen e faktot sto gledam bugar na makedonska strana. Da li te vlece nesto mozebi, korenite?

      • Ag'r

        Nie Makedoncite nitu se kurcime nitu nekogo sakame da omalovazuvame, samo ete zaradi toa i samo toa sto sme Makedonci i opkruzeni so negatori po terkot na zapadnata arogNtnos i mentalitet na brutalni idioti si najzoa klosari (lazni patrioti) i stoka ( gresni isvrsiteli ) za vodenje na oglava, taka
        sto gjavolo od kaleto so vlecenje na oglavata na crpnatio mu ja drze vlavata
        nagore i dava izjavi po terkot na skapanite zapadni vrednosti….degenerirani uzurpatori vo propast….

      • Бозон

        А бе ти ќор и слеп да не си. Да не видиш дека трол-татарот е на зајко-шиптарската страна. И немој да вреѓаш. Оваа квинслингија не е Македонија.
        Само да те информирам, ВРЗАН ПОП МИРНО СЕЛО* е Македонска развигорка (оп-паа-их-хаа), ама татаринов ко што гледаш само ја ПРЕРАСКАЖУВА, и по обичај присвојува.
        * Види ја само строгоста на реченицата.

      • Goce

        Ti ne svkas deka si Srbin. Prasaj 3-4 predci tvoi na koj jazik zboruvale i vo kogo se krstele. A sega odednas, drzava stanavte. Cirkus..

  2. Maliciozno ama vistinito

    Се ‘ се враќа како бумеранг кога најмалку се надеваш !

    • Ag'r

      NEMA KOLEKTIVNA ODGOVORNOST ZA ZLODELATA PREDTOA BESE BOXERO CVICKO A SEGA E CRPNATIO zajkoSIPTAR…MOZE DA IMAAT IMUNITER zastiteni za kriminalot sto go pravat prema narodot i drzavata SEPAK VO DENESNIOT SVET VODEN OD EKONOMSKI I KRIMINALNI STRUKTURI SE SE SVEDUVA NA LICNA ODGOVORNOST. Kako noj pred nekoj den vo struga. Ako zaev se prgnal vo kola natoarena so siptari i zapadni idioti i butkan od sdssh gi nose vo ovoj zlucaj vo srbija toa e negov licen cin i na negovite podrzuvaci. Toa go znaat vo srbija… nema kolektivna odgovornost..toa znaci vojna a vo toj slucaj kaleto kje ni bide bomberdirano i site gomna ke se rasprskaat niz drzavata….

      • Бозон

        Агр само се брукаш, сакаш еден охридска: “Ај нејај лајна.”

  3. Mirko

    Samo neznam koj den ke bide ama ke ima masovna likvidacija na političari i toa ke visat i sliki od niv po zidovi na institucii za slednite generacii…..a do togas Bog neka ni e napomoš

  4. Manimal

    Е па, членови на движењето-на-не-знам-веќе-шо-и-кои, да реагираше претседателот ви вака веднаш, ќе имаше кохонес да бара од Македонците се.
    Ама не, тој упорно по лигавштината на несудениот брисерски амбасадор и сличните „нови сили“ ;-).

  5. Македонец

    Зошто е нарекувате ова банда “Влада”, кога знаеме сите дека добија 49 пратенички места со 30 иљади поништени гласа за ВМРО, со купување на гласој, со измами и лаги, и низа други неисправности. Најмалку треба да се опишат како “пуч” окупаторска власт. Инаку им давате легитимизација која не е заслужена и оправдувате со тоа све што ова банда прави во име на народот и државата. Со тоа станувате дел од проблемот наместо решението.

  6. Trpe

    Zasto ja narekuvame “vlada” nie zneme kako dojdena valast so prevari i pari od zapadot no toj ekspresno gi prizna so sto ni kaza koj ni ja namesti no sve sto e krivo namesteno ke si padne samo sto ni nanesoa goelma steta no i ni gi otvoria ocite jasno da vidime koi se nasite “prijateli”

  7. MIladin

    Amerika stalno e..svetska kurvs nemoze kurva da ti .e..prijatel

    Bugarin moze da bide covek nikogas tie stalmo se fasisti ZAEV MOZE DA BIDE CESEN KOGA VOLKON KE .STANE JAGNE

  8. Predavnik

    Kakov narod. Poveke se grizat za Srbija otkolku za svojata drzava. Moroni glupi, se sto se slucuva negativno od 1944 do den denesen e delo na srpskite sluzbi. Taka da ako mislite deka ste patrioti sto ja branite Srbija so site sili se lazete. Igrate na najnemakedonskata karta u momentov. Ama glupi ste da razberete.

  9. Kurov

    Makedonija-Srbija-Rusija

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

September 2017
M T W T F S S
« Aug    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930