СИНИША ПРОНАШОЛ ТОРБА СО 40.000 ЕВРА И ЈА ВРАТИЛ НА СОПСТВЕНИКОТ: Еве каков подарок добил за возврат…

  • March 13, 2018

Синиша Дабиќ, вработен во белградскиот аеродром „Никола Тесла“, пронашол изгубени 40.000 евра и ги вратил на сопственикот.

Тој црната торба ја нашол на паркингот, ја отворил и внатре имало лаптоп компјутер и полн паричник. Чесниот пронаоѓач за своето дело не сакал никаква награда.

– Го запознав човекот, дојде по половина час и целиот беше среќен. Со години работел во Норвешка, дошол со парите и ги загубил. Кога ги изброи парите и се увери дека се е на место, ми даде 50 евра. Јас не сакав да ги земам, тој инсистираше, па тогаш ги зедов и ги почестив колегите, изјави Дабиќ.

Неговите колеги пак, велат дека тој е примерен работник.

Претходно «
Следно »