СПОМЕНИКОТ ЌЕ СЕ ПРЕИМЕНУВА: Новото име ќе биде Александар Маекдонски, но ќе биде назначено дека бил грчки војсководец

  • June 13, 2018

Споменикот „Воин на коњ„ нема да се урне, туку ќе се преименува во Александар Македонски, изјавил портпаролот на Владата Миле Бошњаковски за Макфакс.

Фото: Спутник/Огнен Теофиловски

– Спомениците кои ја отсликуваат хеленската култура како историско наследство на светот, ке го добијат тој епитет. „Воинот на коњ“ ќе го преименуваме во Александар Македонски и ќе дадеме објаснување дека е дел од хеленскиот антички период и како светско културно наследство. Нема уривање, тој станува симбол на пријателство меѓу Македонија и Грција. Ние не се срамиме да ги нарекуваме спомениците така како што се, кажа Бошњаковски.

Претходно «
Следно »