СРЕДБА ВО ВИЕНА: Димитров и Коѕијас се сретнаа со Нимиц во Виена – решение ќе се бара под покровителство на ОН

  • February 13, 2018

Денеска, во канцеларијата на ОН во Виена, личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц, имаше заедничка средба со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

По конструктивната средба која е дел од напорите за наоѓање на заедничко прифатливо решение за надминување на разликата околу името, Министрите за надворешни работи се согласија да ги продолжат напорите под покровителство на ОН.

Претходно «
Следно »

loading…