СТАРТУВАШЕ БИЗНИС-ЛИГАТА:ЕЛЕМ и Халк банк најубедливи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почетокот на новата сезона донесе три ефикасни натпревари во Бизнис-лигата, во кој на победи се радуваа ЕЛЕМ, Халк Банка и Фабрика Карпош.

Искуството на ЕЛЕМ пресудно во дуелот со Уни Банка

ЕЛЕМ 10-2(5-2) Уни Банка

ЕЛЕМ: Павле Маџовски 7’ Синиша Ковачевиќ 12’ 20’ Антонио Ничевски 15’ 18’28’ Влатко Петровски 21’ 34’ 36’ Златко Станкоски 40’

Уни Банка: Александар Змејковски 6’ 16’

biznis elem uni banka2
Новата сезона на Бизнис Лигата на Македонија ја отворија екипите на ЕЛЕМ и Уни Банка. Дебитантот во Бизнис Лигата, Уни Банка по само 6 минути преку Змејковски успеа да поведе со 0-1, но екипата на ЕЛЕМ потпрена на своето искуство успеа да ги консолидира своите редови и правеќи целосен пресврт стигна до убедливи 5-2 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Уни Банка се обидуваше да се врати во натпреварот но ЕЛЕМ ја сочува предноста стекната во првото полувреме и со мирна игра успеа да обезбеди победа од 10-2.

Халк Банка убедлива во дуелот со Бетон

Бетон 0-8(0-5) Халк Банка

Халк Банка: Мартин Дамески 2’ 22’ 32’ Дејан Петкоски 3’ 36’ Влатко Блажевски 14’ Алпер Тахир 18’ 19’

biznis halk banka beton

Во вториот дуел силите ги одмерија екипите на Бетон и Халк Банка. Екипата на Халк Банка беше доминантна во текот на целиот натпревар. Уште во раната фаза успеа да обезбеди солидна предност која од минута во минута ја зголемуваше не дозволувајќи и на екипата на Бетон да заигра во свој ритам како би фатила резултатски приклучок. На полувремето екипата на Халк Банка имаше резултат од 0-5, а на крајот славеше со убедливи 0-8.

Фабрика Карпош со пресврт до победа над Гранит

Гранит 4-8(4-2) Фабрика Карпош

Гранит: Кире Божиновски 1’ Стефан Тевдовски 5’ Сашо Каровски 12’ Дарко Стојановски 18’

Фаб. Карпош: Љупчо Петрушевски 3’ 39’ Александар Божиков 9’ 28’ 30’ 35’ Ѓорѓи Божиков 32’ Здравков 34’

biznis granit fabrika karpos
Во првото полувреме екипата на Гранит влезе мотивирано и успеа да наметне свој ритам на кој Фабрика Карпош не можеше да одговори. Гранит играше контролирано во нападот и со цврста одбрана успеваше да развие контранапади кои ги претвораше во голови. На полувремето екипата на Гранит отиде со предност од 4-2. Во второто полувреме кипата на Фабрика Карпош успеа да го израмни резултатот и со одлична и мотивирана игра да дојде до целосен пресврт во кој на крајот извојува победа од 4-8.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This