Sunday, 22/10/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

СТИСКАЈ ЕНТЕР И ВИКАЈ „МАШАЛА“: Аце Коцевски, кандидатот на СДС за Велес набавувал лаптопи без тендер за 1.3 милиони денари!

50%
User Rating

Конечниот извештај на Државниот ревизор од извршената ревизија на финансиските извештаи на Општина Велес открива нови матни податоци за начинот на кој поранешниот градоначалник Аце Коцевски раководел со народните пари. Претходно, веб порталот Журнал објави шокантни информации за незаконски постапки при набавката на нафта за велешките училишта во 2006 година – причина поради која, среде зима, неколку последователни денови учениците настава посетувале во ладни училници. Но не била само нафтата! Во 2006 година Аце Коцевски фрлил мерак и на лаптоп компјутерите.

Според податоците објавени во Конечен извештај на овластениот државен ревизор бр.1403 – 219/6, Општина Велес во 2006 година, раководена од Аце Коцевски, набавила дваесет и пет лаптоп компјутери со директно преговарање, спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки.

Во претходна постапка, на 17 април 2006 година, општината склучила договор со фирмата Смарт Солутионс Скопје за набавка на два лаптоп компјутери и друга компјутерска опрема. Но, градоначалникот среде постапка и на веќе склучен договор се предомислил, па наместо два побарал да се набават дваесет и пет лаптоп компјутери.

loading...

Овој „маневар“ тој го извел така што директно преговарал со фирмата добавувач што резултирало општината на 28 април 2006 година да добие фактура за набавка на дваесет и пет лаптоп компјутери во износ од 1 милион и 296 илјади денари, а не фактура за два лаптоп компјутери како што стоело во договорот. Тоа било спротивно на Законот за јавните набавки кој забранува било какво менување на количините на набавката и измена на доставената понуда меѓу набавувачот и понудувачот, бидејќи на тој начин не се обезбедува фер конкуренција, еднаква и недискриминаторска положба на понудувачите, транспарентност и јавност. Иако по закон бил должен да спроведе нова постапка за набавка на дополнителните лаптоп компјутери Аце Коцевски тоа, свесно или несвесно, не го сторил.

Овластениот државен ревизор ова го забелжал во точка „11.6. Неприменување на постапките од Законот за јавни набавки“ и констатира дека непочитувањето на Законот за јавни набавки и подзаконските акти создава можност за необјективност, нееднаква положба на понудувачите и фаворизирање на одредени фирми.

Аце Коцевски беше градоначалник на Општина Велес во два мандати, во периодот од 2000 – 2009 година. Во 2017 година, повторно, по петти пат е кандидат на СДСМ за истата оваа функција.

loading...

2 Comments

  1. Букефал

    Требало да се затвори досега…

  2. JJJJJ

    Pak se javi taa istrosena prefavnicka KOMUNJARSKA PTEDAVNICKA GNIDA

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

October 2017
M T W T F S S
« Sep    
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031