СТРУМИЧАНИ ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО: На штанд во центарот на градот се собираат потписи против промена на името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од денес на плоштадот во Струмица поставен е штанд организиран од Здружението на бранители „Бранител 2001„ од цела Македонија, каде можат сите заинтересирани да го дадат својот потпис и своето несогласување за промена на името Македонија и со изјава да се потпишат дека во нивно име никој не смее да одлучува и најмалку да се дрзне да го менува името на Македонија.

Организаторот за Струмица на ова иницијатива Андон Попчотров информираше дека од денес и другата недела до петок секој ден од 10:00 час. – 18:00 час. ќе биде поставен штанд каде секој граѓанин ке може да се потпише во книга и изјава дека во негово име никој од пратениците не смее да гласа за промена на Уставното име на Македонија.

„Засега иницијативата оди добро и граѓаните масовно се потпишуваат“ – изјави организаторот на иницијативата за собирање на потписи и Претседател на здружението „Бранител 2001“ Андон Попчотров.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This