Friday, 24/11/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

ТАЈНОТО ОРУЖЈЕ НА РУСИЈА: Нуклеарни подморници, ракети, дронови – со што располага Русија за одвраќање на потенцијален напад

User Rating

Русија може, како што повеќепати истакна претседателот Владимир Путин, да се спротивстави на било кој агресор. Такво нешто кажуваат и експертите, е возможно благодарение најнапред на напредните системи на ПРО и ПВО


Исто така, во прилог на изјавата на рускиот претседател оди и модернизацијата на нуклеарното вооружување. А најновите подморници веќе „ги потполнија редовите“ на Црноморската флота.
„Освен тоа, се усовршуваат и крстаречките ракети, кои ги користи стратшката авијација, и тие во случај на потреба можат да бидат опремени со нуклеарни боеви глави“, вели за Спутник воениот експерт Алексеј Леонков. Соговорникот за Спутник наведува дека практично сите руски граници се опремени со нови радарски станици „Вороњеж-Д“ и „Вороњеж-СМ“ кои на максимална оддалеченост од шест илјади километри можат да детектираат било какво средство кое може да изврши воздушен напад.

Меѓутоа, има и проект за ново оружје кое сеуште носи ознака „тајно“, и за нив малку се зборува, истакнува за Спутник експертот од Центарот за воено-политичко новинарство Борис Рожин. Во таа смисла тој ги наведува беспилотните летала, пред се извидувачките, но и офанзивните. Овие дронови сега се користат во Сирија, и сега е прилика да се востановат сите нивни евентуални недостатоци и нивно усовршување.

loading...

Рожин додава дека во исти услови се вршат и тестирања на опрема за електронско извидување и противелектронско дејство:
„Конкретно, се работи на извидување и контрола на странски летала. Се проверува дали руската опрема е во можност да ги пресретне американските и израелските дронови. Ваква опрема постои во руската војска уште од судирот во Груција летото 2008. година, но дури сега во Сирија може да биде испробана во пракса. Сега на терен се одмеруваат силите помеѓу опремата која ја има НАТО, но и со онаа со која располагаат другите потенцијални противници на Русија“.

Во Сирија сега се врши и проба на различни системи за откривање на мини, од руско производство.

„По ослободувањето на Палмира, во околината на градот и по предградијата се вршеше испитување на современа руска опрема. Оваа нова технологија овозможува со што помало учество на луѓе да се исчистат мини на што поголема територија. Военит ефабрики кои се бават со конструирање и производство на системи за наоѓање на противтенковски мини испратија свои експерти на терен за тие на лице место да регистрираат можни пропусти, но ја надгледуваа и употребата на техничките достигнувања“, открива Рожин.

Се работи за модернизација на реактивните оклопи, односно усовршување на динамичката заштита на оклопните возила. Она што сега ја карактеризира новата опрема од овој тип се специјалните уреди кои го штитат возилото при напад од ракети.

Рожин истакнува дека се модернизираат и стратешките воени нуклеарни подморници. Конкретно, се работи на намалување на нивот на бука како би било потешко да се откријат, потоа на зголемување на комфорот за посадата и зајакнување на офанзивните карактеристики.

loading...

3 Comments

  1. kire

    TAKA TAKA OVIE NARKOMANISTA DA VIDAT SO KOGO SI IMAAT RABOTA . AKO MALCE IMAAT VO GLAVA MALCE DA SE SPUSTAT NA ZEMJA .

  2. Ivan

    TAJNOTO ORUZJE NA. SLAVNA RUSSIA NIKOJ NE GO ZNAJT, ZA ZAPADOV DA GO DOZNAJT E NE VOZMOZNO ZATO STO KE BIDIT CEL ZAPAD UNISTEN PRED DA DOZNAET STO MU STANALO, ZATO MECKATA NE CEPKAJA KAJSTO NE TREBA DA NE TE SNEMA.

  3. Stranec

    Rusite se Velemajstori vo krienje na nivnite vistinski voeni moznosti – znaci eden vid “maskirovka”.
    I Hitler I negovite Generali se stapisaa koga na delo gi vidoa moznostite na T-34, znaci najmoderen tenk of sredna golemina kojsto prakticno gi melese Germanskite Panciri na Istocniot Front kako I uzasnite efekti vrz bilo kakvi fortificirani/zakopani ili poluzakopani koncentracii na neprijatelska vojska. Ednostavno – PUZDER GI PRAVESE!!!
    Taka I sega. Najuzasnoto I najstrasnoto oruzje I voeni sistemi se cuvaat vo tajnost – za da se otkrijat na golemo iznenaduvanje na AGRESOROT!!!

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

November 2017
M T W T F S S
« Oct    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930