ТЕЛО НА КУЧЕ, ГЛАВА НА МЕЧКА: Необична ѕверка на улиците на Челјабинск

  • December 18, 2017

Жителите на Челјабинск не се многу сигурни што е тоа што се најде во нивното прифатилиште за животни.


Вработените во прифатилиштето за животни во Челјабинск на својата страница на најпопуларната во Русија социјална мрежа ВКонтанкте објавија фотографии од многу необично животно кое најде кај нив прибежиште.

Интернет-корисниците сега нагаѓаат дали ова суштество е повеќе мечка или пес, ги нарекуваат „медведопјос“, а некои сакаат да му бидат кумови па предлагаат имиња. Засега во игра се Потапич и Копатич.

Оваа необична ѕверка луташе по улиците на Челјабинск. „Луѓето купуваат кученца за ситни пари. Кученцето потоа ќе порасне во некаква чудна ѕверка и го оставаат на улица како фалична играчка“, негодуваат корисниците на социјалната мрежа.

Во прифатилиштето не очекуваат дека некој наскоро ќе посака да стане сопственик на овој мечкопес, дотолку повеќе што животното, како што велат, е со многу низок степен на социјализација.

Russia Beyond

 

Претходно «
Следно »

loading…