March 19, 2024, 12:41 pm

ТЕНЗИИТЕ ПОМЕЃУ ЦРНА ГОРА И КОСОВО РАСТАТ: Црногорските специјалци поставија митралески гнезда на границата со Косово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Црногорските специјалци (САЈ) на пограничниот појас со Косово во вторникот почнале да поставуваат митралески гнезда, пишува подгоричкиот портал Вијести, повикувајќи се на безбедносни извори.

SAJ

На границата меѓу Црна Гора и Косово припадниците на Специјалната антитерористичка единица во вторникот почнале со поставување митралески гнезда, поради страв од евентуални конфликти, потврдиле за Вијести повеќе извори од безбедносните служби.

Одлуката специјалците да бидат распоредени во пограничниот појас била донесена на највисоко ниво, откако безбедносните служби биле информирани дека е можна ескалација на немирите кои на Косово ги предизвикуваат противниците на договорот за разграничување со Црна Гора.

„Вооружени со пушки и митралези специјалците влегоа во меѓупросторот, а митралески гнезда беа поставени на караулите. Присуството на до заби вооружените специјалци им беше видливо на сите кои патуваа од Рожај кон Пеќ“, дознава Вијести од повеќе извори.

Пратеници на повеќе косовски опозициски партии тврдат дека Црна Гора го оштетила Косово. Меѓутоа, независна меѓународна експертска комисија, која ја побара доскорешната претседателка на Косово Атифете Јахјага, не најде никакви неправилности во процесот на разграничување на двете земји.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This