March 28, 2024, 11:11 am

ТЕНЗИЧНО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Прегазено дете во Ѓорче Петров – граѓаните на протести ја блокираа улицата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тежок инцидент се случи пред малку во скопско Ѓорче Петров, каде прегазено е 10 годишно дете.

Несреќата се случила на улицата „Борис Сарафов“, спроти основното училиште „Мирче Ацев“. Очевидци велат дека детето е пренесено во болница, но се уште не се знае каква е неговата здравствена состојба.

Ова не е прв случај на ова место да има настрадано дете, како што велат тие ова е втора несреќа во период од две недели, а 4-та несреќа во рок од 5 месеци.

Поради ова граѓаните излегоа на улиците во знак на револт и улицата на местото на несреќата моментално е непроодна.

Родителите на учениците од ООУ„ Мирче Ацев“ како и околните жители, подолг период апелираат за поставување на светлосна сигнализација, бидејќи претходно беа полесно повредени уште неколку деца во сообраќајни несреќи на истата улица.

Пред помалку од еден месец друго десетгодишно дете беше прегазено на истата улица.

Во октомври минатата година, пред локалните избори, актуелниот градоначалник Александар Наумоски излезе на протест барајќи од тогашните власти да се погрижат безбедноста на децата.

Сепак, откако е градоначалник, Наумоски нема направено ништо во однос на ова прашање, што само покажува дека тогашниот негов протест беше само маркентиншки трик во пресрет на изборите.

Полицијата врши увид на несреќата. Наскоро со повеќе информации.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This