ТЕРОРИСТИТЕ ОД ДИВО НАСЕЉЕ ДОБИЈА МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ: По посетата на Заев во Идризово, терористот Деме Шеху почна да пишува за „животот“ на Фејсбук!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две години по анти-терористичката акција во Куманово, терористите кои беа уапсени во акцијата конечно видоа живот по посетата на Заев во Идризово

На 9-ти и 10-мај 2015 година во населбата Диво Насеље се случи анти-терористичка акција, во која загинаа осум македонски бранители, припадници на специјалните сили на МВР, а преку 37 беа повредени. На страната на терористите имаше преку 14 загинати, и десетина уапсени.

Меѓу уапсените се најде и Деме Шеху, инаку косовски државјанин и дел од терористичката група, со чии јатаци следниот ден по завршување на анти-терористичката акција се фотографираше Зоран Заев, правејќи селфи фотографии.

Две години подоцна, уапсените терористи на кои им се заканува казна доживотен затвор, добија надеж дека всушоност нема да бидат осудени, а наместо тоа ќе бидат ослободени, благодарение на најавената амнестија на Зоран Заев.

Дотогаш, терористите ќе ги користат поволностите кои Заев им ги нуди како благодарница за добро завршената работа.

Имено, при посетата на затворот Идризово од страна на Зоран Заев, терористот Деме Шеху добил и мобилен телефон кој сега го користи да си ја „отвори душата“ на социјалните мрежи. Тој во последната објава на социјалната мрежа напиша:

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]„Кога се сеќавам на генерациите политички затвореници уште од времето на Ранковиќ се до 98-тите години, и тивко се запрашав што ги задржало тие луѓе силни и каде ја нашле сета таа храброст, со оглед на тоа што поминале низ перкусиониот пламен на неправда и низ злобата на српбословените?
Одговорот произлегува од силата на мојата совест:
Жртва за нацијата, не бетонира нè прави посилни од ветриштата и бурите од диви времиња!
Љубовта кон татковината е Божествена!
Бог ја благослови албанската нација – пишува терористот Деме Шеху на својот ФБ профил, од новиот телефон кој го добил во затворот Идризово при посетата на Заев.[/kopa_block_quote]


Терористичката акција многумина ја сметаат за смислена провокација од страна на истите центри на моќ кои несебично се залагаа да го инсталираат Зоран Заев на власт во Македонија, во која животите ги загубија осум македонски бранители.

Жарко Кузмановски (р. 1981), од с. Брвеница, Тетовско
Ненад Серафимовски (р. 1987), од с. Зубовце, Гостиварско
Сашо Самојловски (р. 1982), од с. Брвеница, Тетовско
Бобан Ивановиќ (р. 1968), од с. Стајковци, Скопско
Горан Илијевски (р. 1974), од Гостивар
Исамедин Османи (р. 1983), од с. Студеничани, Скопје
Љубиша Аранѓеловиќ (р. 1966), од Скопје
Горан Стојменовиќ (р. 1970), од Миладиновци, Скопје

Имињата на овие херои се цената која Заев ја плати за да се дограби до власт, а денес, од позиција на премиер да се залага и за ослободување на убијците на овие осум македонски херои. Мизерно.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This