Thursday, 24/5/2018 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

ТИМОНИЕ ЗА АПСЕЊАТА НА ПРАТЕНИЦИ: Ваква работа не би можел ниту да замислам во Франиција!

54%
User Rating

Мислам дека притворањето на пратениците без претходно да им се одземе имунитетот е грешка. И мислам дека тоа не беше ни посакувано од највисоките власти во државата. И со сета почит кон судската власт, ми се чини дека тие треба да се водат во постапките со чувство на одговорност, зашто така се дава слика на Македонија надвор. Во Франција не можам ни да замислам такво нешто, ама такви настани мислам дека и таму би предизвикале најсилни реакции. Од друга страна, друго е прашањето дали е навистина корисно да се притворат и лица за кои можеби и покрај тоа што имаа период да побегнат од земјата, останаа во земјата, вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во интервју за МКД.мк.

Запрашан дали ова притворање не е баш корисно за земјата, Тимоние вели:

loading...

-Не сакам да судам за начинот на кој функционира судскиот систем во Македонија затоа што тоа ќе нè однесе многу далеку, но самиот си се прашувам дали е политички интелигентно да се донесе таков вид одлука. И уште еднаш ќе кажам дека ќе треба лицата што се обвинети да бидат осудени и нивниот степен на одговорност да биде точно утврден, а квалификувањето на актите што ги спровеле да бидат сепак во разумни мерки во однос на одговорноста што ќе им биде наметната.

Сите 36 лица во случајот се осомничени за тероризам…

-Да, и ми објаснија дека со таа квалификација овде опфатот е многу поширок отколку во мојата земја. Кај нас тоа би се сметало сепак за претерано. Но на некои од нив би можеле да им се припишат други квалификации за сето она што го направиле. Од она што јас го видов, без прецизно да навлегувам во сите индивидуални случаи, ми се чини дека сепак природата на активноста на сите 36-мина и степенот на одговорност се сосема различни.

Запрашан што се се случува со процесот „Жан Моне“. Можно ли е да се случи најавуваната средба или иницијативата пропадна, амбасадорот вели:

-Во политиката не може да кажеме дека една иницијатива пропаднала додека не се затвори, а уште помалку кога уште не почнала. Само ќе ви кажам дека нема да затвориме ниту една врата. За неколку дена одам за Париз и побарав состанок со директорот на куќата на Жан Моне, за секој случај, за секаква евентуална разврска.

Но во моментов гледате во каква состојба е ВМРО-ДПМНЕ, не знам ни кои би биле соговорници од нивна страна. Треба да знаеме со кого ќе разговараме. Воопшто и не знам кој би бил слободен да влезе во таков вид преговори. Еден од првите услови е барем луѓето да си го имаат пасошот, ако треба да патуваат. А овде лесно се конфискуваат пасошите.

Навистина основната работа е да се смени судскиот систем за да може да се спроведат европските обичаи. Но и треба да се види политичката димензија во однос на одредени судски постапувања. Во оваа земја политичката состојба е посебна и ако половина земја смета дека другата половина треба да биде во затвор и обратно, тогаш ќе биде многу тешко да се изгради нешто заедничко во однос на општиот интерес. Треба повторно да се воспостави довербата меѓу граѓаните околу заедничките вредности. Често зборуваме за интеграција во НАТО и во ЕУ, а јас би сакал да кажеме нешто за интеграција помеѓу заеднички вредности што ги споделуваат сите, зашто во моментов имаме впечаток како Македонците да чекаат пред некој шалтер и велат „имаме право да влеземе“.

Целото интервју прочитајте го на МКД.мк

loading...

11 Comments

  1. Ag`r

    Исто така, разбрав дека и генералниот секретар на партијата изјавил дека посакува резултатот од новите избори во партијата да биде сметан како компатибилен во однос на желбите на одредени претставници на меѓународниот фактор. Но кредибилитетот, барем во наши очи, ќе биде поголем
    Eve go Mickovski
    Nie sme imale slon vo prostorot, pa ke mora da se obezlicime za da go iskarame slonot!!!?
    A megjunarodnata ke ni rakopleskala , I toa ke MORALO da ni bide od golemo zadovolstvo I da go smetame kako nivna nagrada.

    Grcija ne e ni kolku opaskata na “megjunatodio” SLON
    eve kade zborovite predizvik I problem se so isto znacenj!

    • xy

      slon vo soba a ne vo prostorot…elephant in the room

    • sindrom na inferiornost

      Zosto ne vi teknuva deka Makedonija im treba na ovie-inaku ne bi se bavele so Makedonija voopsto! A vie prodolzete da gi molite da ve primat. Po sekoja cena.

  2. Zoran

    Vakva rabota ne mozel da zamisli vo Francija!!! Pa neli si eden od reziserite na ovie raboti?

    • Ag`r

      Vo Francija se mora da ode javno, dodeka toj ovde diktira se da bide skrieno od javnosta. Ako francuzite se lugje togas sto sme nie ! Na nieden novinar vo FR ne mu pagja na pamet da pisuva za mesanjeto na nivnite “ambasadori” koi se mesaat I go kreiraat nacinot na zivot kaj drugite narodi…..narodi koi odlucile da gi trpat stranskite gluparde

  3. Бозон

    ” … зашто во моментов имаме впечаток како Македонците да чекаат пред некој шалтер и велат „имаме право да влеземе“.
    Па пошто Македонците немаат пари за вашите посреднички џепови, вие ги пуштивте имигрантите и шипинките. Оди бе гледај си ја својата мизерија и твоите градоначалници кои плачат, креваат и раце и нозе од се. Не туку дели ум. Погледни си го моне судството со Харадинај, па после збори за туѓа срамота.

  4. строиник

    тоа е истиот амбасадор кој со своите барем 4 горили влета во собранието заедно со “терористите” кои сега се во затвор, така ?!?…..да не се бореше да го спречи државниот удар спроведен од мухиќ, мисовски, таљат, заев…. ???

  5. Trpe

    Ovaj e eden od tie sto ni ja namestija “novata reformska vlada za zivot na site”zaedno so Amwrika i anglija i sega toj ni kazuva kako treba da se raboti a toj pravese se za da se postavat marionetiva so koi i toj upravuva !

  6. sindrom na inferiornost

    Makedonija im treba na ovie poveke od tie sto i trebaat na Makedonija. Inaku ne bi ni razgovarale. A vie molete gi bidejki taka ste nauceni – da molite. Inferiorci.

    • Цивилна непослушност

      Тоа е Курвинската Хипократија на ЕУ и странците! Се додека им дозволуваме да се шетаат непречено во нашиот дом нетреба воопшто да се зачудиме ако ги најдеме над жените и керките наши! Ама тоа за денешната незаконска влада не е никаков проблем!

  7. Dimche

    Димче – Смилево 1903 Даме Груев

    По повод изјавата на францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во едно интервју објавено во МКД.

    Што очекуваме од вакви креминалци, терористи и окупаторски колонисти за да ни тријат сол на главата?

    Тие се виновниците за ПОДЕЛБАТА НА МААКЕДОНИЈА.
    Тие се виновниците за авионската несреќа која се случи во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи во близината на Мостар на 26 февруари 204 година во која загина македонскиот претседател Борис Трајковски со осумчлена делегација.

    За падот на „кингерот“ сеуште вистината нее излезена на површина, французите ја закопаа за секогаш. Сето тоа го потврдува единственото француското присуство во тоа време на таа територија. Селаните од околните места истрчале за да видат што се случува, тие слушнале извици за помош, но за жал француските војници не им дозволиле да се приближат до авионот за да им помогнат на повредените, изгледа тие сакале сите лица во авионот да бидат мртви., Од сето тоа сценарио можи да се заклучи дека несреќата била наместена, со погрешни испратени информации за навигација, или авионот да бил погоден со проектил.

    Французите се познати како колонисти кои сеуште во свои раце држат колони.

    Кристијан да ни објасни зашто франција ја започна војната во 1948 година во Виетнам, колкав беше бројот на жртвите и колку жени и малолетни чупина биле силовани од страна на француската армија?

    Во 1954 година, поразени со пострани гаќи го напуштивте Виетнам.

    За македонците кои ги сметате за непостоечки народ ви испраќаат малку објаснување. Македонската судбина е слична како што била судбината со Виетнам. Таму се водеше борба за да се спречи Виетнам да не потпадне под влијание на Кина или под влијание на Русија. За целиот тој спор скапо плати виетнамскиот народ со многу милијонски жртви, односно Виетнам се најдуваше помеѓу источните и западните сили, а бомбите се растуруваа врз Виетнам. Сличната таа шема се употребува врз Македонија каде скапо плаќа македонскиот народ

    Францускиот амбасадот Кристијан Тимоние треба да вложи напори да ги објасни горенаведените настани, а не да ни фрла пепел во очите и да не убедува како треба да постапуваме и што треба да правиме. Ако толку е заљубен во Заев нека си го земе во франција заедно со неговата сопруга и си легнат во еден кревет.

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

May 2018
M T W T F S S
« Apr    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

iNFOMAX.mk на ФБ