ТРАГИЧНА СУДБИНА НА ЗАСТРЕЛАНОТО ДЕТЕ: Родителите на печалба во Словенија, а 16 годишниот Даниел на КАРИЛ откако полицијата го застрела!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Два дена поминаа откако 16 годишниот Даниел Танчев беше застрелан од струмичката полиција во градниот кош. После лекарската интервенција на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, младиот Даниел сеуште се бори за неговиот живот.


Два дена го нема ниту Оливер Спасовски, ниту кој било од МВР да изрази жалење и да преземе одговорност за бруталното и незаконско однесување на струмичката полиција. Началникот на СВР Струмица ја ужива партиската доверба на Оливер Спасовски и целосно е под негова заштита. Одговорност нема. Ниту од Оливер Спасовски, ниту од началникот на струмичката полиција Пројковски.
Тоа што зачудува е што нема реакција од родителите на застреланиот Даниел. Дали некој им се заканувал или се обидел да ги замолкне на друг начин ? Ова е дилемата која што ни се наметна. Се обидовме да провериме за што станува збор.
Преку контакти во Радовиш дознавме дека Даниел и родителите живееле во Словенија , каде пред подолг период се заминати на печалба. Даниел пред неколку дена пристигнал во земјава за да го помине летото тука. Според информациите кои ги добивме нема многу другари, ниту блиски роднини.
Од МВР нема информации дали му јавиле на семејството што се случило со нивниот син, ниту пак информации дали и кога ќе пристигнат во земјава неговите родители.
Даниел Танчев во моментов се уште е приклучен на апарати на КАРИЛ, откако во животно загрозувачка состојба беше пренесен од Струмица за Скопје.
Неговиот пријател 17 годишниот Александар Ѓоргиев, кој беше застрелан во натколеницата, сеуште се наоѓа во струмичката болница откако му беше извршена хируршка интервенција.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This