ТРАМП ВЕРУВА ВО КИМ ЈОНГ УН: Американскиот претседател смета дека Ким ќе ги уништи проектилите, откако воспоставил добри односи со него

  • June 12, 2018

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција по завршувањето на самитот САД- Северна Кореа изјави дека верува дека воспостави добри односи со Ким Јонг Ун.

Трамп рече дека средбата со Ким Јонг Ун била продуктивна и искрена.

“Ова беше прв состанок на лидерите на САД и Северна Кореја. Ова докажува дека промените се можни. Средбата беше искрена, директна и плодна. Ние сме подготвени да отвориме ново поглавје во нашата историја “, рече тој на прес-конференција.

Доналд Трамп изјави дека не разговарал за распоредувањето на американските сили во Јужна Кореја со водачот на Северна Кореја.

Тој додаде дека Ким Јонг Ун сака денуклеаризација на Корејскиот полуостров и вети дека ќе ја прекине формалната војна со Северна Кореја што е можно поскоро.

Трамп изјави дека Ким му кажал дека локацијата за тестирање на ракетните мотори е уништена, а самите ракети наскоро ќе бидат уништени.

Што се однесува до санкциите, Трамп рече дека рестриктивните мерки воведени од САД кон Северна Кореја, засега, ќе останат во сила, но би сакал да ги укине во иднина.

Според неговите зборови, “зајакнувањето на санкциите против Северна Кореја пред самитот со Ким Јонг Ун би било непочитување”.

Трамп на конференцијата изјави дека Ким прифатил повик за посета на Белата куќа, а вели дека и тој самиот би можел да отпатува за Пјонгјанг.

Претходно «
Следно »