Sunday, 17/12/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

Трајановски: Може ли да бидат терористи луѓето кои што немаат допрено оружје и немаат направено никакво насилство?

User Rating

Изминатиов период, изминативе неколку години Македонија е под постојан политички притисок, минатата година „шарената револуција“ составена во најголем дел од невладините организации финансирани со сомнителни пари тие одеа по овие улици и ги фарбаа и демолираа јавните установи во Скопје и Република Македонија, тие создаваа страв и паника меѓу граѓаните, ја демолираа и канцеларијата на претседателот. Тогаш кога се движеа низ улиците рестораните, продавниците беа празни затоа што народот се плашеше да излезе на улиците, затоа што имаа говори на омраза, кршеа, демолираа и сите тоа беа не некој друг, туку говори имавме од професори на Универзитети, тие што ги учат нашите деца, ова на вечерашниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ го потенцираше поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски.

Тој додава и дека покрај таквите притисоци минатата година на 11 декември победи народот, победи ВМРО-ДПМНЕ и сето тоа што го правеа не им успеа да го заплашат народот.

-ВМРО-ДПМНЕ ги користеше сите легални средства за избор на претседател на собранието и формирање на нова Влада, но граѓаните почувствуваа дека се подготвува предавство и формираа здружение наречено „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ и секојдневно маршираа мирно по улиците, се пееја песни за Македонија, песни за соживот и љубов и имаа цел да го зближат народот. Говорите од „Шарената револуција“ и „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ ќе видиме дека во говорите на „Шарената револуција“ имаше омраза, заплашување, имаше страв, а во говорите за „ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ имаше песни за патриотизам и за нашата земја. Тие на нелегален начин избраа претседател и народот влезе во парламентот и сето тоа треба да се расветли на еден демократски начин, а не со масовен прогон и апсења на луѓето кои што влегоа, вели Трајановски.

loading...

Тој истакна и дека се апсат обични граѓани, актери и сите оние кои што ја сакаат Македонија.

-Првично тие беа обвинети за учество во топла, а подоцна се обвинети за тероризам, како тие да се масовни убијци. Може ли да бидат терористи луѓето кои што немаат допрено оружје и немаат направено никакво насилство? Можат ли да бидат терористи луѓето кои што пеат песни за Македонија, прашува Трајановски.

Тој вели и дека гревот на овие луѓе е тоа што ја сакаат нивната земја.

 

loading...

3 Comments

  1. spirko

    Затоа се терористи немаат што е тероризам ???а прашај ја ,сдсш ,организацијата. Дали. Тие. Незнаат. Што. Е. Тероризам. Батка. Питај терористи. Што е тероризам а не. Оперски пеaчи,,,,,,,,,

  2. Македонец

    Порано, предавници не продаваја за пари на Грци и Бугари во Пирин и Егеј. Сега 49 предавници за пари не продадоја на Албанците за грст парички од Албанската мафија и ја претворија Македонија во трета нарко држава на Балканот. Да дај Госпо ајр да невидат ни тие ни родот нивни, и тие пари да им бидат како воденички камен на вратот за милијарда години. Истото важи за сите предавници нарочно попиштата кој не продадоа за 30 парчиња Јудино железо. Да дај Господ никогаш да не излезите од темницата на ѓаолот каде сте влегле. И вие и родот ваш проклет.

  3. Vistinata koja boli

    Ova e golemiot sram za Makedonija, no najtragicno e deka onie koi bea del od tolpata na sarenata revolucija, kako i onie gradjani poddrzuvaci na SDS , koi go mrazat VMRO od dnoto na dusata, se soglasuvaat so etiketiranjeto deka se tie teroristi. Primer za toa e Mirjana Najcevska, koja se se “hrani” so toa da bide “mirudija” vo se ‘, pobrza da napise post kade gi narece teroristi. Poddrzuvacite na SDS bea sokirani od slucuvanjata na 27 april, no zatoa pak za ubistvoto vo Smilkovsko ezero, kako i ona vo Divo naselje ne pokazaa ni trunka empatija, duri nekoi od sarenite gi prokolnuvaa policajcite so zborovite “da vi se desi Kumanovo” i sirea razno razni teorii na zagovor deka istite bile iscenirani od togasnata vlada na VMRO !!!???

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

December 2017
M T W T F S S
« Nov    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031