April 19, 2024, 12:55 pm

ТРАЈАНОВСКИ СЕ СРЕТНА СО СОПСТВЕНИЦИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ: Ќе се збогатува забавниот живот во Град Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска се сретна со поголем број сопственици на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје за подобрување на забавниот живот и за понудата во главниот град.

– Целта на овие средби е сопствениците на угостителски објекти да ни дадат идеи како да се збогати забавниот живот во Град Скопје. Идеите ние ќе ги разгледаме заедно со тимот и со стручните лица и ќе дефинираме како тоа да го направиме. Целта е во август да понудиме одлична забава во Скопје зашто на 8 август ќе се одржи фудбалскиот Суперкуп, а од 7 до 12 август ќе се одржи и Скопскиот Пиволенд и од тогаш ќе почне големата забава во Скопје, истакна градоначалникот Трајановски.

Според него, сите тие што ќе останат во Скопје овој период, како и тие што дополнително ќе го посетат ќе бидат пречекани со многу забава и интересни содржини.

Хасан Даутовиќ од ресторанот „Austrian Palace“ во Старата скопска чаршија рече дека ги претставиле своите идеи и барања за подигнување на ноќниот живот во Скопје.

На средбата присуствуваа десетина сопственици на угостителски објекти од различни локации во Скопје, кои истакнаа дека имаат одлична соработка со Град Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This