Saturday, 18/11/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

УБИЕЦОТ СЕ ШЕТА СЛОБОДЕН: 12 денa од свирепата ликвидација на Мартин Јанушев, a власта се уште го крие и штити убиецот!

User Rating

МВР прави спектакли со рации по дискотеки апсејќи малолетници со специјалци, а убијци и криминалци се шетаат слободно по нашите улици. Ова е потценување на интелигенцијата на граѓаните, истакна Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Минува дванаесеттиот ден од свирепата ликвидација на Мартин Јанушев, а власта го крие и штити убиецот. Тој е на слобода и не смее да се спомене неговото име. Мафијата владее. Пред 10 дена беше пукано кон куќата на советникот на премиерот Заев пред неговиот дом. Се шпекулираше во јавноста дека бил близок до убиецот и му помагал. Молк од МВР и за овој скандал. Не се знае кој пукал кон владиниот советник и зошто. Уште помалку вооружените криминалци се пронајдени и приведени, подвлече Нацев и додаде:

„Граѓаните со право се плашат дека партиската полиција е целосно ставена во служба на мафијата и вооружените банди. Јавна тајна е дека пукачите се дел од партиското подземје поддржано и блиско до СДС. Мафијата со доаѓање на Заев на власт си доби држава, а со потпретседателот Оливер Спасовски си доби заштитник во полицијата. Граѓаните не можат да се чувствуваат безбедно кога во 21 век среде бел се егзекутираат луѓе пред очите на цела јавноста? МВР наместо да ги штити интересите на граѓаните, штити убијци и дозволува слободно да се шетаат по улиците“.

loading...

Според гласините кои кружат во медиумите, рече Нацев, убиецот е близок до власта и еден од првите луѓе на агенцијата за обезбедување „Омерта секјурити“ која важи за блиска до Вице Заев, брат на Зоран Заев.

-МВР дозволи убиецот да избега, а со тоа да не може да се изведе пред лицето на правдата. Во истрагата за овој настан се направени сериозни пропусти и не е спречено неговото бегство. Фото роботот е алатка која служи за граѓаните да можат да го препознаат убиецот и да пријават кај надлежните органи. Фото робот во овој случај не постои и покрај тоа што убиството е извршено среде бел ден и на фреквентна локација на која има голем број на минувачи и безбедносни камери. Во јавноста се повеќе се говори дека поради блискоста на убиецот со власта на терен се работи некој криминалец да ја преземе одговорноста за убиството со цел спас на вистинскиот убиец.

Според него, потпретседателот на СДС, Оливер Спасовски мора да преземе одговорност и да замине од функцијата министер.

-Полицијата во најмала рака треба да почне да си ја врши својата работа и да ги гони криминалците, a Спасовски ќе помогне со тоа што ќе си даде оставка и ќе престане со опструкции.

loading...

2 Comments

  1. Klime

    TITO DA BESE ZIV KE VI SIMNESE KAPA ZA MANIPULACIJA SO NARODOT
    GLUPAVIOT NAROD OD:
    1,,,,ZEMJODELCI
    2,,,,POLICAJCI
    3 , PENZIO.NERI
    4 ,,SITE BIROKRATI,, , ,,PREDAVNICI
    Pickavi majcina ve napravija prostitutki i sega ke .mu lizite kurot na zaev!!!!!!!!!!!!
    NE NARODE AKO SAKATE LEB I SLOBODA MORATE DA SE BORITE PROTIV OVIE KOMU NJARSKI PREDAVNICI AKO NE LIZETE I VIE A
    AKO OSTANE ZA VAS ZA LIZENJE

  2. Сведок

    И каде сте сега “слободарски” души, да зуцнете бар збор за овој Мартин, чиј свиреп убиец и ден денес се шета слободен, за разлика од оној за којшто протестиравте, а веќе беше максимално осуден и си ја одлежуваше казната…
    http://slobodna.mk/2016/06/06/brutalnost-2/

    И што мислите сега како се одвива дијалогот Заев-Спасовски за убиецот на Мартин Јанушев? Кој знае, можеби еден ден, американците ќе ги пуштат и нивните “атомски” бомби…

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

November 2017
M T W T F S S
« Oct    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930