Saturday, 18/11/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

УНЕСКО-ФИЈАСКО: Македонија завојува со Србија, а Заев ќе остане извисен од Приштина!

User Rating

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека знае дека Македонија ќе го поддржи членството на Косово во УНЕСКО. Прашањето е меѓутоа, дали на Македонија (Заев) оваа година ќе и се пружи прилика да ја покаже приврзаноста кон албанските работи. Како што работите засега стојат, тешко.

Седницата на генералното собрание на УНЕСКО е во ноември, а досега во Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации, со седиште во Париз, нема стигнато барање за прием на таканаречената држава Косово. УНЕСКО до крајот на август, би можело да се каже дека е на колективен одмор. А се што евентуално би било пробано во текот на септември, судејќи по искуствата од 2015 година, би било прилично доцна.

Кога пред две години Косово по прв пат упати барање за прием во УНЕСКО, кој заврши неуспешно, кампањата започна доста порано пред испраќањето на официјалното барање. Оваа година, меѓутоа, на тоа прашање какко што дознава Спутник, во УНЕСКО нема никакви активности.

loading...

Со логистичка помош на државите кои го поддржуваат, Косово во 2015.година беше во кампања од март-април, значи повеќе од половина година пред заседавањето на Извршниот совет на УНЕСКО. Тогашниот косовски премиер Хашим Тачи уште во јули упати писмо со барање за прием во УНЕСКО, кое, додуша, од процедурално причини го превзема да го формализира делегацијата на Албанија.

Извршниот совет, кој тоа прашање треба да го разгледа, секогаш заседава во октомври, месец дена пред Генералната конференција која ја донесува конечната одлука.

Веќе се знае дека оваа година Извршниот совет ќе заседава на 4.октомври, и по процедура сите материјали кои се однесуваат на дневниот ред на таа седница би требало да бидат спремни месец дена пред седницата, значи на почетокот на септември.

Но и да ја нема оваа процедура и рокови кои се се пократки, има многу индикации кои покажуваат дека Приштина не поднела барање навреме, почнувајќи од фактот дека од парламентарните избори на Косово поминаа два и пол месеци, а владата сеуште не е формирана.

Не им оди од рака ниту ситуацијата во меѓународната заедница, која е бременита и со многу проблеми, поради кои САД, инаку најгласен покровител на Косово, има доволно свои проблеми на повеќе „фронтови“.

Дека меѓународните односи не им се наклонети потврди и веста од пред неколку дена. По претходните тврдења на Приштина дека приемто на таканаречената држава Косово во Интерпол е готова работа, се испостави дека и оваа година ќе останат без членство во таа организација.

Вршителот на должност министер за надворешни работи во Приштина Емануел Демај рекол дека некои партнерски држави на Косово неофицијално барале одлагање на гласањето за наредната година.

Тоа би било продолжение на лошите вести по Приштина, бидејќи на почетокот на јули таканаречената држава Косово е суспендирана од понатамошно членство во Светската царинска унија, во која само што беше примена четири месеци претходно. Со образложение дека со приемот избрзале, формираа посебна работна група која треба да го разгледа случајот Косово.

Не треба да се заборави дека поединечни приштински аналитичари уште пред месец дена сметаа дека се нереални тврдењата на тогаш министерот за надворешни работи во заминување Енвер Хоџај дека Косово има гласови да се зачлени во УНЕСКО и Интерпол.

Така професорот за европски интеграции на Приштинскиот универзитет Авни Мазрекај оценил дека, имајќи во предвид како Косово функционирало во последно време и дека доста време е потрошено на предизборната кампања и формирањето на владата, на меѓународен план изостана стварањето на поволни околности. А тоа, додава, не е во функција на зачленување во УНЕСКО и Интерпол.

Во меѓувреме, поучени од претходните добри искуства со ангажирањето на дипломатијата во полна мера, што резултираше со изостанок на приемот на Косово во УНЕСКО, Србија ни овој пат ништо не препушти на случајот.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ не криеше дека специјални емисари од Белград до 9.август посетиле 19 од предвидените 27 држави. Најави дека во текот на септември посебно одбрани пратеници ќе ги обиколат и останатите осум земји, се со цел да спречат зачленување на Приштина во УНЕСКО и другите меѓународи организации. Поточно, целта е да се објаснат позициите на Србија врзани за статусот на Косово и политиката која ја води поради зачувување на територијалниот интегритет, да го заштитат уставниот поредок и почитувањето на принципите на меѓународното право.

На крајот, на Приштина во прилог и доаѓа моменталната позиција со УНЕСКО, со која додатно не би ги болело глава поради барањето за прием на Косово кога на ноемвриското заседавање ги чека доста жешка тема – избор на генерален директор. На конкурсот стигнаа дури девет кандидатури, а лобирањето практично започна на средината на март, кога истече рокот за кандидирање.

Затоа на крајот најверојатно Косово ќе го послуша советот на меѓународната заедница и оваа година нема да аплицира за прием во УНЕСКО. Уште во фебруари приштинските медиуми пренесоа дека тамошните власти од место кое има тежина испратиле порака да не поднесуваат барање за да не заврши повторно само како обид.

 

Sputnik.com

loading...

5 Comments

  1. siptaroMrazac

    kosovo takanarecenata drzava .bravo infomax za recenicava. bravo. ili dupkata na gzot isto ti se faka

  2. alekso

    Kosovo e DUVLO ,,,NA SVETSKIOT KREMINAL ,,++DROGA UNESKO STANA SAMO ISPOSTAVA NA BANDATA KREMINALNA DROGERASKA AMERICKA
    KOSOVO E KLANICA NA COVESTVOTO
    NEMA MIR ,, NEMA RED,,POREDOK NE FUNKCIONIRA NISTO, SEM DROGA,PROSTITUCIJA, KREMINAL
    PA ZATOA E TAKANARECENA,, DUPKA
    I NAS ZAJKO,,, PRIJATEL

    PROCENETE TOGAS STO E ZAJKO ????

  3. ar

    ako narodot makedonski se prasa kosovo nitu e republika nitu ke bide

  4. Stranec

    Pa ako go primile toa kosove vo Interpol togas site niv treba da gi UAPSAT!!!
    Toa kosove e katastrofa od “drzava” – toa e dorgerashko mafijaski prostitutski kartel pod komanda/kontrola na CIA.

  5. Stranec

    Ako go primat kosove vo UNESCO treba da ja primat I Islamskata Drzava, zarem ne?

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

November 2017
M T W T F S S
« Oct    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930