УЧИЛИШТАТА „ЈАХЈА КЕМАЛ“ СЕ ЗАТВАРААТ: Македонија ќе одговори на барањата на демократски избраната власт во Анкара!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на последната седница усвоила мерки за ограничување на активностите на Фетулах Ѓулен и неговите приврзаници во земјава. Според неофицијални информации, тоа опфаќа затворање на невладини и образовни институции за кои биле побарани мерки од Анкара. Информациите веќе дошле до родителите на учениците во училиштатат Јахја Кемал. Во голем број тие попладнево се собрани пред објектите на оваа образовна институција во очекување на одговори.
jahja_kemal

Од владата нема официјална потврда. Министерот за надворешни работи Никола Попоски за време на прес-конференцијата со неговиот грчки колега Никос Коѕиас, на новинарско прашање потврди дека мерки има, но не прецизираше какви. – „Донесени се мерки согласно македонските закони. Ние имаме соработка со демократски избраните власти во Анкара“, рече Попоски.

Од Јахја Кемал за Пресс24 велат дека таквата одлука до нив не е стигната. Велат дека од 1 септември започнува учебната година за нивните ученици и дека се една од најреномираните образовни институции во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This